Гратчевски Водопад
водопад во Македонија
Гратчевски Водопад — водопад сместен на планината Осогово, по течението на Велика Река, на околу 1 км од езерото Гратче.
Гратчевски Водопад | |
---|---|
Поглед на водопадот | |
Место | Велика Река |
Највисок слап | 12 м |
Настанок и опис
уредиВо 1958 година, на Велика Река била изградена помошна брана од камени блокови којашто имала за цел да го спречи наглиот проток на водата до месноста Рамна Скала, каде што се градела главната брана. Со надоаѓањето на гранки, камења и земја, помошната брана започнала да се полни со почва, па со тек на време се создал водопад. Водопадот е висок 12 м и е оддалечен околу 1 км од вливот на Велика Река во езерото Гратче.[1]
Галерија
уреди-
Поглед на водопадот
-
Велика Река кај водопадот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Водопадите на езерото Градче“, Општина Кочани Архивирано на 15 април 2021 г.. Водопади Кочани.
Надворешни врски
уреди- Гратчевски Водопад на Ризницата ?
- Водопадите на езерото Градче, Општина Кочани