Мишино
Мишино — историско село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, тоа е маало на селото Небојани.
Мишино | |
![]() Поглед на Мишино | |
Координати 42°04′13″N 22°27′03″E / 42.07028° N; 22.45083° EКоординати: 42°04′13″N 22°27′03″E / 42.07028° N; 22.45083° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | ? жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13024 |
Надм. вис. | 1.210 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Мишино се наоѓа високо на Осоговските Планини, северно од градот Кочани.
ИсторијаУреди
Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците и 96 жители на Мишино и Долги Дол пребегале во Бугарија.[1]
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото било доброволец во Македонско-одринските добороволни чети.[2]По Првата балканска војна, селото било припоено кон Небојани.[3]
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мишино живееле 35 жители, сите Македонци христијани.[4][5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мишино имало 40 жители Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Самоуправа и политикаУреди
Во XIX век, Мишино било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
ЛичностиУреди
- Починати во Мишино
- Стефан Мандалов (1875-1903) — македонски револуционер и војвода на ВМРО.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 4.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863.
- ↑ Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, Архив на Македонија, 1988, стр. 286.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.