Црква „Св. Илија“ - Челопеци
Свети Илија — главна селска црква во кичевското село Челопеци, Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Прва кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′27.95″N 21°01′32.04″E / 41.4744306° СГШ; 21.0255667° ИГД |
Место | Челопеци |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1861 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа над самото село и преовладува со својата камбанарија, на која е издигнат крст. Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во горниот дел на селото.[2]
Историја
уредиЦрквата била започната со изградба во 1861 година,[3] иако според истражувањето на Јован Трифуноски се тврди дека била подигната во 1880 година на местото на постара црква. Градењето било помогнато од тогашниот сопственик на чифликот Мијалче, Влав од Крушево.[2]
Во 1910 година била обновена на иницијатива на селаните.[3]
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиЦрквата поседува фрескоживопис, кој бил насликан од страна на зографот Јаков Мажовски од селото Лазарополе.[3]
Фрескоживописот бил обновен во 1999 година од страна на Бошко Попоски од Кичево.[3]
Иконостас
уредиИконостасот во црквата бил изработен од познатиот Дичо Зограф од селото Тресонче.
Галерија
уреди-
Ниша над главниот влез
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Споредниот влез
-
Гробиштата околу црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-10-29.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Челопеци на Ризницата ?