Саса (јаловиште)
јаловиште во Македонија
Саса — хидројаловиште или јаловиштен простор од четири јаловишта во склоп на рудникот „Саса“.
Намена
уредиЈаловишниот простор е сместен по течението на Каменичка Река и служи за одлагање на јаловината настаната со одвојувањето на оловото и цинкот при преработката на рудата во рудникот „Саса“.[1] Просторот е долг 1,5 км, широк 200 м и висок од 40-60 м.[2]
Загадување
уредиВо септември 2020 година, од јаловиштата истекол јаловиштен материјал којшто се излеал во коритото на Каменичка Река поради што рудникот бил казнет со парична казна од 50.000 евра и бил задолжен да го исчисти речното корито.[3]
Галерија
уреди-
Каменичка Река кај хидројаловиштето
-
Браната над хидројаловиштето
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Студија за оценка на влијание врз животната средина на проект: „Изградба на хидројаловиште бр. 4 на рудник „Саса" - Македонска Каменица"“ (PDF). Скопје: Рудник „Саса“. 2016. стр. 2. Посетено на 3 февруари 2021.
- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 214. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ „Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина“. Макфакс. 25 септември 2020.