Црква „Св. Илија“ - Вранештица
Свети Илија — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Прва кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°26′39.2″N 21°01′22.38″E / 41.444222° СГШ; 21.0228833° ИГД |
Место | Вранештица |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Архитектонски опис |
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]
Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Левото Маало на селото Вранештица.[3]
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка со зарамнето плато.[2]
Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]
Историја
уредиБила подигната во XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена неколку години по црквата „Св. Ѓорѓи“, односно кон крајот на XVI век.[4]
Архитектура
уредиПо обликот и димензиите е слична на црквата „Св. Ѓорѓи“. Архитектурата и живописот се во мошне лоша состојба.[2]
Во црквата има работено познатиот зограф Аврам Дичов.[5]
Галерија
уреди-
Гробишта околу црквата
-
Припратата на црквата
-
Црковниот двор
-
Апсидата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
- ↑ „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-10-29.
- ↑ „АВРАМ ДИЧОВ“. Тресонче. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2020-11-23.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Вранештица на Ризницата ?