Црква „Св. Петка“ - Мечкуевци

црква во селото Мечкуевци

Света Петка (позната како Света Петка Римска) — манастирска црква во светиниколското село Мечкуевци, Македонија.[1]

Света Петка

Поглед на црквата со камбанаријата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′39″N 22°03′42″E / 41.91083° СГШ; 22.06167° ИГД / 41.91083; 22.06167
Место Мечкуевци
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа на работ од селото во насока кон соседното село Буриловци.

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на рамнина под возвишението Градиште. Од 1912 година во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]

Историја

уреди

Изградена е во 1925 година, на оддалеченост од 10 метри на темелите на стара црква изградена во 1570 година, која била срушена за време на отоманскиот период. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[3]

Овој манастир по Втората светска војна започнал да пропаѓа.[2] Според натписната плоча на самата црква, манастирската црква била обновена и осветена на 12 мај 2019 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 737.
  3. „Светиниколски парохии“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-04-13.

Надворешни врски

уреди