Црква „Св. Димитриј“ - Стануловци
Свети Димитриј — опожарена главна селска црква во селото Стануловци.
Свети Димитриј
| |
Остатоци од црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′58″N 22°05′33″E / 41.88278° СГШ; 22.09250° ИГД |
Место | Стануловци |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | XV век |
Изгорена | 2003 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
уредиЦрквата се претпоставува дека била изградена во XV век. Според други извори, таа била изградена во XIX век.[1] Иконите биле изработени од Коста Зограф и од непознат автор во XIX век. Во 2003 година, црквата била опожарена и од вредните предмети ништо не е сочувано.[2]
Архитектура
уредиОд остатоците на храмот се забележува дека таа гадбата имала правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓал на западната страна, а таа имала и спореден влез на јужната страна. Градена била од камен и била варосана. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
уреди-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 744.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Стануловци на Ризницата ?