Велика Река (Осогово)

река во Македонија

Велика Река или Голема Рекарека во Источна Македонија и десна притока на Брегалница.

Велика Река
Течението на реката кај Гратчевскиот Водопад
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоОсоговски Планини
Устие 
 • место
Кочанска Река
 • координати
41°57′54.6″N 22°24′26.5″E / 41.965167° СГШ; 22.407361° ИГД / 41.965167; 22.407361
 • надм. вис.
467 м
Особености на сливот
ТечениеКочанска РекаБрегалницаВардарЕгејско Море

Течение

уреди

Реката извира на планината Осогово. Нејзиниот тек е источно од селото Јастребник и северно од градот Кочани.[1] Реката се влева во езерото Гратче и во неговиот северн дел, под ридот Кале, заедно со Мала Река ја образува Кочанска Река.[2] По течението на реката непосредно пред нејзиниот влив во езерото Гратче се наоѓа Гратчевскиот Водопад којшто настанал со изградбата на помошна брана којашто имала за цел да го спречува наглиот доток на вода до месноста Рамна Скала каде што се градела големата брана.[3]

Хидрографија

уреди

Реката зафаќа површина од 202,37 ха.[4]

Флора и фауна

уреди

Покрај реката се застапени појаси од евла и врба. Долината на реката е единствениот предел на Осоговските Планини каде се среќава ендемски вид на виук Festuca thracica ssp. violaoceosordida var. osogovoensis. Подрачјето исто така е богато со крајречни шуми, као и силикатни карпи на коишто е забележлива хазмофитска вегетација сочинета од чуваркуќа и други растенија. Карпиште со сува грмушеста вегетација се единственото подрачје на планината каде што се среќава средоземниот вид на скакулци Saga natoliae којшто е најголем претставник на скакулци во Европа. По течението на реката се среќаваат и вилински коњчиња од видовите Cordulegaster heros, Ophiogomphus cecilia и Calliaeschna microstigma.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 17. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Езеро Гратче“. Општина Кочани. 26 март 2018.
  3. Водопадите на езерото Градче - Општина Кочани Архивирано на 15 април 2021 г.“. Водопади Кочани.
  4. Деспина Китанова; Славчо Христовски; Методија Велевски; Робертина Брајаноска; Славе Накев; Љупчо Неловски (2019). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 103-104. Посетено на 16 февруари 2021.
  5. Деспина Китанова; Славчо Христовски; Методија Велевски; Робертина Брајаноска; Славе Накев; Љупчо Неловски (2019). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 203. Посетено на 16 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди