Каменичка Река

река во Македонија

Каменичка Река или Каменица[1]река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница.

Каменичка Река
Течението на реката низ Македонска Каменица
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоОсоговски Планини (под врвот Руен)
 • надм. вис.1.840 м
Устие 
 • место
Брегалница
 • координати
41°59′00.8″N 22°35′18.7″E / 41.983556° СГШ; 22.588528° ИГД / 41.983556; 22.588528
 • надм. вис.
445 м
Должина23 км
Големина на сливот115 км2
Особености на сливот
ТечениеБрегалницаВардарЕгејско Море

Географија

уреди

Течение

уреди

Реката извира на планината Осогово, под врвот Руен, на надморска височина од 1.840 м. Нејзиното течение продолжува покрај рудникот Саса, низ селото Саса, покрај селото Моштица и низ градот Македонска Каменица. Реката се влева во Брегалница на надморска височина од 445 м, преку вештачкото езеро Калиманци, каде што се образува мала делта.[2][3]

Хидрографија

уреди

Вкупната должина на реката изнесува 23 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 115 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.840 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 445 м, така што релативниот пад изнесува 60‰.[2]

Во водите на реката е потврдено присуството на голем број опасни и штетни хемиски елементи, како што се: алуминиум, цинк, кадмиум, кобалт, манган, никел, олово и железо. Средните количества на алуминиум, кобалт, никел и железо се под МДК за води со квалитет од I-II класа, средните количества на кадмиум, манган и олово се под МДК за води со квалитет од III-IV класа, а средното количество на цинк е со трипати повисока вредност од МДК за води со квалитет од III-IV класа.[4]

Геоморфологија

уреди

Сливното подрачје на Каменичка Река се смета за најерозивниот слив во Македонија со годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 151.167 W-м3. Како последица на ерозијата во сливот и преносот на ерозивниот материјал, во долниот тек на притоките се образувани огромни делувијални конуси од нанос,[5] а прекумерната ерозија исто така довела речното корито на Каменичка Река, слично како она на Радањска Река, да биде подигнато за 10-15 м.[6] Со цел да се задржи големиот нанос, во главното речно корито и притоките се изградени над 50 прегради.[7]

Флора и фауна

уреди

Во тресетиштата околу изворите на реката е утврдено постоењето на неколку нови или ретки видови на дијатомејски алги од родот Евнотија.[8]

Стопанство

уреди

Рударство

уреди

Покрај течението на реката е сместен рудникот „Саса“, а во долината на реката во тоа подрачје е сместено и истоименото јаловиште коешто е долго 1,5 км, широко 200 м и високо од 40-60 м.[9]

Енергетика

уреди

Во близина на селото Саса, по течението на реката е изградена мала хидроелектрана со инсталирана моќност од 1.200 kW.[10]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 35. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на река Брегалница" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 5. Посетено на 2 февруари 2021.
  3. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 184. Посетено на 2 февруари 2021.
  4. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 89. Посетено на 2 февруари 2021.
  5. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Посетено на 2 февруари 2021.
  6. Милевски И. (2008). „Геоморфолошки одлики на плавините во сливот на Радањска Река“. Географски разгледи. кн. 42-43, Скопје, стр. 43-61.
  7. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 24. Посетено на 2 февруари 2021.
  8. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 99. Посетено на 2 февруари 2021.
  9. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 214. Посетено на 2 февруари 2021.
  10. Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија – мали хидроелектроцентрали“. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.

Надворешни врски

уреди