Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Преод

црква во селото Преод

Свети Кирил и Методиј[б 1] — црква во близина на селото Преод.

Свети Кирил и Методиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′10.4″N 21°50′57″E / 41.902889° СГШ; 21.84917° ИГД / 41.902889; 21.84917
Место Преод
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кирил и Методиј
Завршено 1973
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на неколку стотина метри јужно од селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.

Историја

уреди

Непосредно до главниот влез на црквата е испишана 1973 година, што укажува дека веројатно тогаш била изградена.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа без апсида на источната страна. На западната страна има припрата којашто води во главниот влез, а храмот има и спореден влез на јужната страна пред којшто е доградена мала припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Во дворот на црквата има помошен објект.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. На патоказната табла на патот во близина на црквата се среќава и како Свети Јован Крстител.

Надворешни врски

уреди