Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Цера
Покров на Пресвета Богородица – манастирска црква на манастирот Еленец.[1]
Покров на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Оризарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°03′50.7″N 22°31′01.4″E / 42.064083° СГШ; 22.517056° ИГД |
Место | Цера |
Општина | Македонска Каменица |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1880 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена врз темелите на постар објект во 1880 година. манастирот во 20 век. Подоцна била срушена и обновена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура. Таа има три осумаголни куполи коишто се распоредени во правец исток-запад, а од нив средната е малку поголема и е изградена повисоко. На источната страна, црквата има полукружна апсида, додека на останатите страни има по еден влез, а главниот е сместен на западната страна. Пред главниот влез е дограден трем над којшто се издига камбанаријата. Таа се состои од два дела. Долниот дел е повисок и има квадратна основа, а на секоја страна во висина на ѕвоното има по една монофора. Горниот дел е со помала осумаголна основа, а на секоја страна има по една мала монофора. Над споредните влезови од јужната и северната страна има по две монофори коишто се одвоени со слепа ниша. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со скалест кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од два реда.
Во непосредна близина на црквата има помошен објект и чешма коишто се изградени од камен.
Галерија
уреди-
Куполите однадвор
-
Куполите одвнатре
-
Камбанаријата со куполите
-
Јужната страна
-
Главниот влез
-
Јужниот влез
-
Северниот влез
-
Апсидата
-
Јужната страна од тремот
-
Дрвена табла на тремот
-
Камбанаријата
-
Внатрешноста на црквата
-
Иконостасот
-
Чешмата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 32. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера Архивирано на 8 февруари 2021 г.“. ММС. 14 август 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Цера на Ризницата ?