Рудник „Осломеј“
рудник во Македонија
Осломеј — наоѓалиште на јаглен во непосредна близина на истоимената термоцентрала. Рудникот претставува површински коп и веќе е целосно исцрпен. Истиот почнал да се експлоатира во 1980 година.[1]
Во јужниот дел на наоѓалиштето, во текот на изминатите години се има создадено Осломејското Езеро.
Делови
уредиНаоѓалиштето е поделено на два дела:
- Површински коп Осломеј-Исток, каде целосно е изваден јагленот; и
- Површински коп Осломеј-Запад, каде јагленот е во завршна фаза на експлоатација.
Технологија
уредиОткопувањето на јагленот се вршело со континуирана и дисконтинуирана механизација.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Рудник Осломеј – АД. ЕСМ“. Посетено на 2021-01-16.