Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Ранченци.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Прва светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°55′29.4″N 22°03′04.2″E / 41.924833° СГШ; 22.051167° ИГД |
Место | Ранченци |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Завршено | XIX век |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во крајниот источен дел од селото.
Историја
уредиЦрквата е изградена во XIX век.[2] Иконите се изработени во истиот период, но не е познато кој е нивниот автор. Непознато е и од кој архијереј е осветена.[3]
Архитектура
уредиГрадбата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната стана. Кон западната и јужната стана е доградена отворена припрата, а кон северната страна е дограден понизок помошен објект. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на Свети Георги. Од левата страна пред главниот влез, припратата е преградена и во тој дел има молитвен простор. Непосредно пред главниот влез на црквата, на кровот од припратата е закачено ѕвоно. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Западната страна
-
Јужната страна
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсида
-
Припратата на западната страна
-
Припратата на јужната стана
-
Ѕвоното
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 739.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци на Ризницата ?