ПУ „Јунус Емре“ - Челопеци

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Јунус Емре“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Челопеци; скратено: ПООУ „Јунус Емре“) — подрачно основно училиште во селото Челопеци, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Челопеци.

Јунус Емре
во состав на ОУ „Јунус Емре“
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Кичево
Наречено по: Јунус Емре
Нас. место: Челопеци
Адреса: с. Челопеци
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 19[1]
Настава на: турски
Контактни информации

Иако Челопеци се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.

Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.

Местоположба

уреди
 
Поглед на училиштето

Училиштето е сместено во самиот средиштен дел на селото Челопеци.

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[3]

Вкупно има 19 ученици од прво до петто одделение, кои се распоредени во 2 комбинирани паралелки.

Наводи

уреди
  1. „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-12-22.
  2. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-09.
  3. „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-12-22.