Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Немањици, Македонија.[1]
![]() ![]() Успение на Пресвета Богородица
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Прва светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°54′50″N 22°00′48.2″E / 41.91389° СГШ; 22.013389° ИГДКоординати: 41°54′50″N 22°00′48.2″E / 41.91389° СГШ; 22.013389° ИГД |
Место | Немањици |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1848 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води кон сретселото. Во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба уреди
Црквата се наоѓа на едно возвишување, спротивно од самото село.[2]
Историја уреди
Црквата е изградена во 1848 година, но не е позната од кого била осветена.[3]
Според М. Филиповиќ, црквата била подигната од мајстор по име Дамјан, кој потекнувал од родот Зографовци од Велес.[2]
Архитектура уреди
Градбата на црквата има правоаголна основа, а од западната и северната страна е доградена припрата. Во дворот на црквата има помошен објект, а во непосредна близина се сместени и селските гробишта.
Иконостас уреди
Во периодот на изградба на црквата биле изработени и иконите од страна на зографот Атанасиј од Крушево.[3]
Галерија уреди
-
Селските гробишта
-
Камбанаријата
-
Спореден влез
-
Молитвен простор
-
Помошниот објект
-
Апсидата
-
Припратата
-
Тремот
-
Спореден влез
-
Главниот влез
-
Припратата
-
Гробен споменик во дворот
-
Влезната порта
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 734.
- ↑ 3,0 3,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.
Надворешни врски уреди
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици на Ризницата ?