Црква „Вознесение Христово“ - Трстеник

црква во селото Трстеник

Вознесение Христово — разрушена главна селска црква во селото Трстеник.

Вознесение Христово

Поглед на разрушената црква

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°53′39.3″N 21°51′36.2″E / 41.894250° СГШ; 21.860056° ИГД / 41.894250; 21.860056
Место Трстеник
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Вознесение Христово
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на неколку стотина метри северно од селото, во правец кон соседното село Сопот.[1]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има спореден влез на јужната страна. Се забележува дека објектот бил граден од камен и малтер, а бил покриен со кров од ќерамиди. Храмот денес е без кров, но ѕидините се сочувани. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.[1]

Галерија

уреди
Урнатините од црквата
Селските гробишта

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 675.

Надворешни врски

уреди