Оризарска Река

река во Македонија

Оризарска Река или Масалница[1]река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница.

Оризарска Река
Течението на реката низ селото Оризари
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоОсоговски Планини (под Царев Врв)
 • надм. вис.1.510 м
Устие 
 • место
Брегалница
 • координати
41°51′43.5″N 22°21′26.3″E / 41.862083° СГШ; 22.357306° ИГД / 41.862083; 22.357306
 • надм. вис.
320 м
Должина30 км
Големина на сливот133 км2
Проток 
 • просечен1,03 м3
 • најмал0,106 м3
 • најголем49,5 м3
Особености на сливот
ТечениеБрегалницаВардарЕгејско Море

Географија

уреди

Течение

уреди
 
Оризарска Река кај браната Речани.

Реката настанува со спојување на Бела и Црна Река кај селото Речани, чии извори се наоѓаат на планината Осогово, на различни страни под Царев Врв, на надморска височина од околу 1.510 м.[1] Потоа, течението на реката продолжува кон југ и поминува низ селото Оризари, по што навлегува во Кочанското Поле и го менува правецот кон југозапад, поминува покрај селата Грдовци и Мојанци, а најпосле се влева во Брегалница од нејзината десна страна.

Хидрографија

уреди

Реката е долга 30 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 133 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.510 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 320 м, така што релативниот пад изнесува 39,5‰.[1] Просечниот речен проток изнесува 1,03 м3/сек. и се движи од 0,106 до 49,5 м3/сек.[2]

Геоморфологија

уреди

Сливното подрачје на Оризарска Река има годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 74.226 W-м3 и со тоа спаѓа во групата на подрачја од втора категорија на опасност од ерозија.[3]

Флора и фауна

уреди

Околината на речниот слив е обрасната како со крајречни, така и со шумски растителни заедници. Од крајречните растенија, застапени се следните видови: евла, бела врба, кршлива врба и воден габер. Од шумските растенија, се среќаваат: даб, бука, црн бор и бел бор.[4]

Во реката е забележано присуството на само еден вид риба — црна мрена. Се претпоставува дека се работи за изолирана население на црна мрена којашто живее во водите на Бела и Црна Река, како и Оризарска Река до нејзиниот влез во Кочанското Поле. Истражување спроведено во 2010 година покажало дека делот од Оризарска Река пред нејзиниот влив во Брегалница нема присуство на риби како последица на големата загаденост на водата поради отпадните води коишто се влеваат во реката од околните населени места.[5] Речниот слив е богат и со повеќе видови водоземци, влекачи, птици и цицачи.[6] Во сливното подрачје на реката се среќаваат повеќе видови водни безрбетници, а најразнообразни се: водните молци, еднодневките, пролетниците, вилинските коњчиња и десетоношците. Присуството на поточен рак не е забележано, но се претпоставува дека е многу веројатно.[7] Од копнените водоземци, забележителни се тркачите и дневните пеперуги.[8]

Во април 2017 година, поради испуштање на отпадни материи во реката, предизвикало помор на рибите.[9]

Стопанство

уреди

Водата од реката е користена за наводнување на оризовите полиња во Кочанското Поле.[10] На реката е планирана изградба на истоимен хидросистем којшто треба да послужи за водоснабдување на населението и индустриските погони на подрачјето на општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, наводнување на земјоделски површини, производство на електрична енергија, заштита од поплави и развој на туризам.[11] Хидросистемот би вклучувал и вештачко езеро на надморска височина од 646 м и вкупна водна зафатнина од 22,8 хм3.[12] Сливното подрачје на реката исто така е оценето како погодно за изградба на мали хидроелектрани со моќност од 1.819 kW и производство на електрична енергија од 7.746 MWh.[13]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на река Брегалница" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 5. Посетено на 2 февруари 2021.
  2. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 86. Посетено на 2 февруари 2021.
  3. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Посетено на 2 февруари 2021.
  4. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 102. Посетено на 2 февруари 2021.
  5. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 109. Посетено на 2 февруари 2021.
  6. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 110-112. Посетено на 2 февруари 2021.
  7. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 106. Посетено на 2 февруари 2021.
  8. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 107. Посетено на 2 февруари 2021.
  9. „Отпадни материи испуштени во Оризарска река предизвикаа помор на рибите“. time.mk. 27 април 2017. Архивирано од изворникот 2023-09-27. Посетено на 27 септември 2023.
  10. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 52. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  11. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 14. Посетено на 2 февруари 2021.
  12. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 193. Посетено на 2 февруари 2021.
  13. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 202. Посетено на 2 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди