Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушица

манастирска црква на Ѓуришкиот манастир

Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Ѓуришкиот манастир.[1]

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Втора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′11.3″N 21°50′15.4″E / 41.903139° СГШ; 21.837611° ИГД / 41.903139; 21.837611
Место Крушица
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1880
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата се споменува во средновековни извори[2] и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.[3] Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година,[3] а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.[4] Иконите на иконостасот биле изработени во XIX век, но не е познат од кој зограф.[3] Црквата била преосветена на 15 мај 2017 година.[5]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е еднокорабна и претставува крстокуполен храм и тристрана апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Кон западната, северната и источната страна на храмот е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната и страна и над него има ниша со фреска којашто го отсликува рождеството на Пресвета Богородица, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со мозаик на којшто е прикажана Богородица со Исус. Над припратата од западната страна, непосредно пред главниот влез во црквата се издига камбанаријата. Таа има осумаголна основа и се состои од два дела и на секоја страна од двата дела има по една монофора. Објектот е обоен во темноцрвена боја, а рабовите се во бела боја.

Галерија

уреди
Црквата пред доградбата во 2010-тите години
Црквата по доградбата во 2010-тите години

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 508. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. 3,0 3,1 3,2 Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
  4. Ѓуришки манастир (1933 година)“. Македонска нација. 26 февруари 2014.
  5. Преосветување на манастирот „Св. Богородица“ во Ѓуриште - Свети Николе Архивирано на 20 мај 2021 г.“. Брегалничка епархија.

Надворешни врски

уреди