Планинарски дом „Вртешка“

планинарски дом во Македонија

Планинарски дом „Вртешка“планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.080 метри, во селото Вртешка, на планината Плачковица.

Планинарски дом „Вртешка“
Поглед на домот
Надм. вис.1.080
ДржаваМакедонија
Најблиска
населба
Вртешка
Особености
Кревети30[1]
ПД „Вртешка“ is located in Македонија
ПД „Вртешка“
ПД „Вртешка“
Местоположба на планинарскиот дом во Македонија

Местоположба

уреди

Домот се наоѓа на надморска височина од 1.080 метри во самото село Вртешка, на околу 35 километри од градот Штип.[1] До него води асфалтен пат, чиј последен крак од 2 километри бил направен во 2019 година.

Историја

уреди

Планинарскиот дом во минатото го носел името „Участок“.[2]

Денес, домот е обновен и е управуван од страна на планинарското друштво „Лисец“ од Штип.[2] Во 2020 година со средства од Светска банка домот бил обновен и започнале активности за негова надградба со што би се добиле легла за 120 посетители.[3]

Особености

уреди

Домот располага со повеќекреветни соби за 40-тина посетители, голема трпезарија со камин и кујна. Домот има струја, вода и централно греење.[2][2] Домот има отворен карактер, а во него треба да се најавите.[1]

Патеки

уреди

Од домот има патека до врвот Лисец.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Најдобрите планинарски домови во Македонија за убава летна авантура“. Friday. 2020-05-21. Архивирано од изворникот на 2020-09-20. Посетено на 2021-01-23.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Планинарско друштво Макпетрол“. makpetrol.com.mk. Посетено на 2021-01-23.
  3. Андонов, Кире. „Карбинци-Пристапниот пат до Вртешка во завршна фаза | Моја Општина - Сите општини на едно место“. Посетено на 24 јануари 2021.

Надворешни врски

уреди

41°45′33.81″N 22°25′01.14″E / 41.7593917° СГШ; 22.4169833° ИГД / 41.7593917; 22.4169833