Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пресека
Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Пресека.[1] Сместена е во маалото Горна Пресека, на возвишение во непосредна близина на врвот Самоклепица (1.129 м).
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Оризарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°00′11.9″N 22°29′59.8″E / 42.003306° СГШ; 22.499944° ИГД |
Место | Пресека |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1926 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1926 година, но не е познато кога и од кого била осветена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена припрата. Црквата има влез на западната страна преку припратата, како и два споредни влеза на северната страна. На јужната страна има три хоризонтално поставени квадратни прозорци, додека на северната страна има два хоризонтално поставени квадратни прозорци, сместени во просторот меѓу двата влеза. По еден квадратен прозорец има и на јужната и северната страна од припратата. Камбанаријата е прилепена до припратата. Таа има квадратна основа со влез на северната страна. Во нејзиниот горен дел има по една пространа монофора на секоја страна. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има четири помошни објекти, молитвен простор и дрвена помошна конструкција за верски обреди.
Галерија
уреди-
Панорама на дворот на црквата
-
Дворот на црквата
-
Јужната страна
-
Северната страна
-
Западната страна
-
Апсидата
-
Спореден влез
-
Спореден влез
-
Камбанаријата
-
Влезот на камбанаријата
-
Помошен објект
-
Помошен објект
-
Помошен објект
-
Помошен објект
-
Молитвениот простор
-
Дрвената конструкција
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Оризарска пархија Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пресека на Ризницата ?