Црква „Св. Никола“ - Павлешенци

црква во селото Павлешенци

Свети Никола — главна селска црква во селото Павлешенци.[1] Сместена е во јужниот дел од селото.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Клечовска
Местоположба

Карта

Координати 41°59′55.2″N 21°54′06.5″E / 41.998667° СГШ; 21.901806° ИГД / 41.998667; 21.901806
Место Павлешенци
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1874
Архитектонски опис

Историја

уреди

Според расположливите податоци, црквата била обновена во 1874 година, кога била и проширена.[2]

Во 1901 година, со средства од селаните е купена камбанарија од леарницата во Прилеп за 24 златни турски лири. Подоцна, во дворот на црквата е подигната зграда со две простории. За време на турскиот период, особено пред и по Илинденското востание, таму се одржувала обуката на четата од Павлешенци. По 1913 година, во неа било сместено седиштето на Павлешенската општина.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна, која е украсена со три слепи ниши. Кон западната страна на црквата е доградена припрата којашто е пониска од главниот дел на храмот. Над спојот на припатата со главниот дел се издига лимена купола со осумаголна основа. Црквата има главен влез на западната и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на Свети Никола, а од десната страна на влезната врата има мозаик со неговиот лик. Објектот во целост е обоен во боја, со исклучок на апсидата каде што се забележува варовник и малтер, и е покриен со кров од ќерамиди.

Црквата е оградена со камена ограда, а во нејзиниот двор се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. На секоја страна од горниот дел има по еден отвор. Покриена е со пирамидален лимен кров.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 56. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 682.

Надворешни врски

уреди