ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица
Основно училиште „Ванчо Србаков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Србаков“ - Вранештица; скратено: ПООУ „Ванчо Србаков“) — подрачно основно училиште во селото Вранештица, составен дел на основното училиште „Јунус Емре“ од селото Лисичани, Општина Пласница.[2] Училиштето се наоѓа на влезот во селото Вранештица.
Ванчо Србаков
| |
---|---|
во состав на ОУ „Јунус Емре“
| |
![]() Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Кичево |
Наречено по: | Ванчо Србаков |
Нас. место: | Вранештица |
Адреса: | с. Вранештица |
Местоположба | |
Основни информации | |
Број на ученици: | 14[1] |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Иако Вранештица се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Ванчо Србаков.
Местоположба
уредиУчилиштето е сместено на самиот влез во селото Вранештица.
Историја
уредиПрвиот училиштен објект бил изграден во 1934 година. Наставата и денес се одржува во истиот, кој бил целосно обновен во 2009 година.[3]
Училиштето во минатото претставувало централно училиште, но било укинато како такво во април 1980 година. Тогаш влегло во состав на основното училиште „Мирче Ацев“ од Лисичани, каде што припаѓа и денес.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Вкупно има 14 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана.
Наводи
уреди- ↑ „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-11-24.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-11-25.