Црква „Св. Никола“ - Јагол

црква во селото Јагол, Македонија

Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Јагол, Македонија.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Четврта кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°37′28.27″N 20°59′57.71″E / 41.6245194° СГШ; 20.9993639° ИГД / 41.6245194; 20.9993639
Место Јагол
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1848
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа надвор од селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

уреди

Црквата е сместена покрај селото во југозападна насока.[2]

Историја

уреди

Храмот бил подигнат во почетокот на 1848 година, а во 1936 година бил изграден уште еден кат.[3]

Некое време црквата претставувала соборна црква за околните села, кои во минатото сите биле македонски. Тоа биле селата Мидинци, Букојчани, Осломеј, Ново Село, Јагол Доленци, Поповјани, Лешница, Бериково, Арангел, Србица, Туин и Железна Река (околина на Гостивар).[2]

Од натпис над главниот влез, дознаваме дека црквата била обновена во внатрешноста, како и дека добила нова фасада во 1997 година.

Архитектура

уреди

Иконостас

уреди

Црквата поседува иконостас, кој бил изработен во 1938 година од страна на браќата Јоаким и Томо Николоски од Лазарополе.[3]

Камбанарија

уреди

Нова камбанарија црквата добила во 1996 година.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 47.
  3. 3,0 3,1 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-01-03.

Надворешни врски

уреди