ТЕЦ „Осломеј“
Термоелектроцентрала „Осломеј“ (или скратено само ТЕЦ „Осломеј“) — термоелектрична централа во близина на селото Осломеј, во Кичевската Котлина, во западниот дел на Македонија. Централата работи на јаглен. Таа е дел од РЕК „Осломеј“.
ТЕЦ „Осломеј“ | |
---|---|
Поглед на централата | |
Назив | Термоелектроцентрала „Осломеј“ |
Земја | Македонија |
Место | Осломеј |
Координати | 41°34′55″N 21°00′06″E / 41.58194° СГШ; 21.00167° ИГД |
Статус | активна |
Изградбата почнала | 1980 |
Сопственик | ЕЛЕМ |
Оператор | ЕЛЕМ |
Информации за електраната | |
Главно гориво | јаглен |
Информации за произодството | |
Построен капацитет | 125 мегавати |
Изградба
уредиТермоелектроцентралата Осломеј била завршена и почнала со работа во текот на 1980 година.[1]
Производство
уредиКапацитет
уредиЦентралата има само еден блок со вкупна инсталирана моќност од 125 MW.
Планови
уредиПоради празнењето на резервите на јаглен од двете наоѓалиште на рудникот „Осломеј“, како и сериозните пречки што произлегуваат од социјално-културната средина во можност за експлоатација на наоѓалиштето Поповјани, оваа централа се соочува со голема несигурност во поглед на снабдувањето со гориво.
Во 2015 година била изработена студија на изводливост за осовременување на централата, во која било препорачано централата да продолжи да работи со увозен јаглен, кој ќе има поголема калорична вредност. За реализација на овој проект потребни се 126 милиони евра.
Наводи
уреди- ↑ „ТЕЦ Осломеј – АД. ЕСМ“. Посетено на 16 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди- ТЕЦ „Осломеј“ на Ризницата ?