Црква „Св. Димитриј“ - Преод
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Преод.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′24.9″N 21°51′13.2″E / 41.873583° СГШ; 21.853667° ИГД |
Место | Преод |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | 1871 |
Живопис | Коста Зограф |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, во предел со обрасната шума.
Историја
уредиНе е познато кога црквата била изградена и од кого е осветена, но на рамката од нишата над влезната врата е испишана 1871 година. Според други извори, црквата била обновена во 1877 година.[2] На северната страна е запишанодека храмот бил реновиран во 1999 година. Иконите и фрескоживописот биле изработени исто така во 1871 година од страна на Коста Зограф и непознати мајстори најверојатно од кратовска тајфа.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната стана. На западната страна има припрата којашто води до главната влезна врата. Над главниот влез има празна ниша на чијашто рамка веројатно е запишана годината на изградба на црквата. Храмот има и спореден влез којшто се наоѓа на северната страна. На северната и јужната страна има по еден правоаголен прозорец со решеткава преграда. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени помошен објект и селските гробишта.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Поглед на црквата
-
Споредниот влез
-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 27. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 676.
- ↑ „Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Преод на Ризницата ?