Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вранештица

црква во Вранештица, Македонија

Свети Ѓорѓи — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Прва кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°26′35.68″N 21°01′47.97″E / 41.4432444° СГШ; 21.0299917° ИГД / 41.4432444; 21.0299917
Место Вранештица
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]

Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Горното Маало на селото Вранештица.[3]

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка.[2] Сместено е во Горно Маало на селото.[4]

Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]

Историја

уреди

Била подигната во XVI-XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена кон крајот на XVI век.[5]

Сепак, други извори наведуваат дека таа е подигната и живописана со помош на „мали и велики“ (жители) во времето на турскиот султан Бајазит и епископот кир Герасим, најверојатно во 1498/1499 година.[4]

Архитектура

уреди

Има правоаголна основа со мали димензии и покрив на две води од камени плочи, а на источната страна мала полукружна апсида.[2] Црквата е еднокорабна.[4]

Фрескоживопис

уреди

Црквата поседува фрескоживопис.[2] Била живописана за само 20 дена од Димитар Зограф, кој се потпишал инверзно на крајот од ктиторскиот натпис.[4]

Во сликаната програма внимание привлекува царскиот Деисис, со Христос, Богородица и Јован Крстител, потоа претставата на патронот Св. Ѓорѓи во благородничка облека и Св. Никола со епитет Крмител.[4]

Црквата поседувала фасаден живопис, кој е делумно зачуван.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 110.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Свети Ѓорѓи"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1324. Text "series " ignored (help)
  5. „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-11-24.

Надворешни врски

уреди