Црква „Св. Богородица“ - Осломеј

црква во селото Осломеј, Македонија

Света Богородица — главна селска црква во кичевското село Осломеј, Македонија.[1]

Света Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Четврта кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°34′32.63″N 21°00′02.86″E / 41.5757306° СГШ; 21.0007944° ИГД / 41.5757306; 21.0007944
Место Осломеј
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Богородица
Изградба 1921
Осветување 1997
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа на раскрсницата, каде што се двои патот за самото село и за влезот во РЕК „Осломеј“. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба уреди

Црквата е сместена надвор од селото во јужна насока.

Историја уреди

Црквата била изградена во 1921 година,[2] како што стои и на самиот натпис на црквата. Во 1986 година била обновена и преосветена во 1987 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]

Според други извори таа започнала да се гради во 1924 година на местото на некое старо црквиште.[3]

Црквата не била осветена до 1997 година, кога бил организиран голем црковно-народен собор.[4]

Архитектура уреди

Во изминатиот период, црквата била обновена и добила нов покрив, а во црковниот двор била подигната трпезарија и камбанарија.[4]

Иконостас уреди

Црквата поседува иконостас, кој бил подарок од Цветан Лазарески и потекнува од 1923 година.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2021-01-03.
  3. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 51.
  4. 4,0 4,1 Антоски, Зоран (2020-08-11). „Нова камбанарија и нов покрив за црквата „Света Богородица" во Осломеј“. Нова Македонија. Посетено на 2021-01-08.

Надворешни врски уреди