Козјачка Река
река во Македонија
Козјачка Река (во горниот тек позната како Кучишка Река или Коџа Дере) — река во Македонија, североисточно од градот Штип.[1]
Козјачка Река Кучишка Река Коџа Дере | |
---|---|
Реката покрај црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак | |
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Карбинци |
Села | Кучица, Козјак, Карбинци |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Брегалница кај Карбинци |
• координати | 41°49′13″N 22°13′35″E / 41.82028° СГШ; 22.22639° ИГД |
Големина на сливот | 59,24 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Именување
уредиВо горниот тек реката е позната и под имињата Кучишка Река или Коџа Дере.[2]
Тек
уредиКозјачка Река се наоѓа на планината Плачковица, настанувајќи кај селото Кучица, кога на едно место се влева непостојан водотек и реката Вртешка.[1]
Реката се влева во реката Брегалница кај селото Карбинци. Има сливно подрачје од 59,24 км2.[1]
Брана
уредиНа реката била најавена изградба на брана во 2016 година по проект од 1994 година, но таа не е започната.[3]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 39. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ „Брана Баргала ќе ги регулира водотеците во Карбинско“. Зелена Берза. 2016-01-31. Посетено на 2021-02-06.
Надворешни врски
уреди- Козјачка Река на Ризницата ?