Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Небојани
Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Небојани. Сместена е во маалото Просија.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°02′56.5″N 22°27′02.3″E / 42.049028° СГШ; 22.450639° ИГД |
Место | Небојани |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1947 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиСе претпоставува дека на местото на црквата во минатото имало крст каде што се собирале мештаните. Според легенда којашто ја прераскажувале постарите жители на селото, на местото седеле тројца селани и пред нив се појавила Богородица Марија. По тој повод, црквата била изградена во 1947 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја нејзина страна има по една монофора. Главениот влез на црквата е сместен на западната страна, а до него водат отворен трем и вестибил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Над вестибилот се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има чешма.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Влезната порта од дворот
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Куполата
-
Камбанаријата
-
Куполата (лево) и камбанаријата (десно)
-
Апсидата
-
Чешма во дворот
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Небојани на Ризницата ?