Мехмед-агина џамија (Радање)
Мехмед-агина џамија — главна и единствена џамија во селото Радање, во Општина Карбинци, Македонија.[1]
Мехмед-агина џамија | |
---|---|
Поглед на селската џамија | |
Координати: 41°46′39.8″N 22°16′26.06″E / 41.777722° СГШ; 22.2739056° ИГД | |
Место | Радање, Општина Карбинци, Македонија |
Местоположба | |
Изградена | XVII век |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Местоположба
уредиЏамијата се наоѓа во средишниот дел на селото Радање.
Историја
уредиЕдинствен извор за историјата на изградбата на објектот се наоѓа на натписот на влезната врата. Според натписот кој е украсен со декоративно писмо, џамијата е изградена 1668-1669 година од страна на царскиот намесник Мехмед-ага.
Објектот е во фаза на конзервација и реконструкција и наскоро истиот ќе биде спремен за презентација пред пошироката културна јавност, а воедно ќе започнат и религиозните обреди.
Архитектура
уредиЏамијата со своите стилски особености и архитектонски одлики претставува значаен споменик на османлискиот период. Употребата на добро обработениот камен, употребуван при градбата на некои џамии и цркви во кумановскиот и штипскиот регион, дава информации дека џамијата била градена од домашни мајстори. Прецизната изработка на декоративните боени елементи видливи во внатрешноста на џамијата, зборуваат за значењето на овој верски објект.
Галерија
уреди-
Поглед на џамијата
-
Шадрванот
-
Главниот влез
-
Натписот над влезот
-
Помошниот објект
-
Гроб во дворот
-
Помошниот објект
-
Страничен поглед
-
Поглед на џамијата
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.