Калиманци (езеро)

вештачко езеро во Македонија

Калиманци или Калиманско Езеровештачко езеро во источниот дел на Македонија, на падините на Осоговските Планини, во непосредна близина на Македонска Каменица. Езерото зафаќа површина од 4,23 км2 се одликува по големата брегова разгранетост. Тоа управно се наоѓа во општините: Виница, Македонска Каменица и Делчево.

Калиманци
Поглед на езерото Калиманци
Карта
Координати41°59′36″N 22°36′10″E / 41.993333° СГШ; 22.602778° ИГД / 41.993333; 22.602778
Видвештачко
Главни приливиБрегалница
Каменичка Река
Главни истециБрегалница
Сливни земјиМакедонија Македонија
Најг. должина14 км км
Најг. ширина0,3 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
4,23 км2 км2
Најг. длабочина80 м м
Зафатнина127 хм3 км3
Брег40,5 км км
Надм. височина510 м м
ОстровиКалата
Населени местаМакедонска Каменица, Тодоровци, Калиманци, Дулица, Луковица, Илиово
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Езерото настанало со преградување на долината на реката Брегалница преку изградба на брана во 1969 година, а неговата основна намена е наводнување на оризова површина од околу 28.000 ха, но и на дел од обработливото земјиште во Овче Поле. За таа цел, изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле.[1]

Водата од езерото се користи и за производство на електрична енергија, а за таа цел е изградена и мала хидроелектрана со вградена моќност од 13,8 MW. Годишното производство на електрична енергија изнесува 26 GW/ч.[2]

Географија

уреди

Езерото се наоѓа во Истибањската Клисура, на местото каде што Каменичка Река се влева во Брегалница, на надморска височина од 510 м. Должината на езерото е 14 км, а неговата ширина изнесува 0,3 км. Со тоа, езерото зафаќа површина од 4,23 км2. Неговата најголема длабочина изнесува 80 м. Калиманци се одликува по големага брегова разгранетост, така што должината на бреговата линија при просечен водостој изнесува 40,5 км, што е подолго од бреговата линија на Дојранското Езеро. Во езерото има еден остров (Калата) со површина од 1,5 ха и еден микроостров во близина на крајбрежјето кај селото Тодоровци со површина од 0,2 ха. Тоа исто така има неколку заливи и полуострови. Од заливите, најголем е Каменичкиот со должина од 3 км кон градот Македонска Каменица, а потоа следуваат Луковичкиот и Рибничкиот Залив со должина од по 0,8 км. Езерото има поволна клима, а температурата на водата во летниот период достигнува 20 °C.[1]

Калата

уреди

Калата е остров кој се наоѓа во западниот дел на езерото, на почетокот на Каменичкиот Залив, и се смета за единствениот остров во Источна Македонија.[б 1] Островот се протега во правец североисток-југозапад. Тој е долг околу 300 м и има најголема широчина од 75 м. Должината на бреговата линија на островот изнесува околу 550 м, а неговата површина е во просек 1,5 ха. Од брегот е оддалечен околу 100-150 м и до него наједноставно се пристапува со чамец. Во зависност од водостојот, најголемата височина се движи од 15-25 м.[3] Името на островот претставува кратенка од „градот на калајот“, бидејќи во минатото на него се исцрпувале калај и злато.[4]

Брана и капацитет

уреди

Езерото настанало со подигање на камено-насипна брана со глинено јадро во 1969 година. Браната е висока 92 м и долга 240 м, а може да акумулира вода до 127 милиони м3. Нејзината вградена моќност при изградбата изнесувала 12,5 MW. Преливот на браната е сместен од десната страна на езерскиот брег и е со капацитет од 900 м3/сек. Браната има и преливен канал за повлекување вода во случај на поплава.[2] Основна намена на водата во езерото е наводнување на оризова површина од околу 28.000 ха, но и на дел од обработливото земјиште во Овче Поле. За таа цел, изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле.[1]

Енергетика

уреди

Вишокот вода од езерото се користи за производство на електрична енергија, а за таа цел е изградена и мала хидроелектрана со вградена моќност од 13,8 MW.[1] Водата до машинската зграда се пренесува преку доводен тунел долг 430 м и цевковод долг 80 м кој се дели на две цевки за двете турбини одделно. Цевките за турбините имаат пеперуткаст турбински затворач. Водата низ тунелот протекува со брзина од 18 м3/сек. Струјотворите имаат излезен напон од 6,3 kV и преку трансформатор електричната енергија се пренесува до разводната постројка, која е сместена во истата зграда од каде што преку далноводи со напон од 35 kV се пренесува до Виница, Делчево и Македонска Каменица, а преку трансформатор и далновод со напон од 10 kV се пренесува до околните села. По завршувањето на работата низ турбинското коло, водата се влева во Брегалница преку одводен канал. Годишното производство на електрична енергија изнесува 26 GW/ч.[2]

Флора и фауна

уреди

Езерото е богато со риба, а застапени се следниве видови: крап (Ciprinus Caprio), сом (Silurus glanis), црвеноперка (Rutilus rutilus), костреш (Perca fluviatillis), клен (Leiuciscus Cephalus), скобуст (Chondrostoma nasus), снчарка (Lepomis gibbosus), лињак (Tinca Tinca) и други. Природните мрестилишта на крапот, кленот, скобустот и црвеноперката се главно на благите терени во средишниот дел на езерото, додека на сомот се најмногу во северниот дел на езерото.[2]

Туризам

уреди

Поволната местоположба и добрата инфраструктурна поврзаност на езерото се добри предуслови за развој на туризмот, а богата рибна застапеност нудат одлични услови за спортски риболов. Освен тоа, долж брегот на езерото има бројни археолошки наоѓалишта од различни историски периоди. Сепак, езерото туристички воопшто не е искористено, а во неговата околина нема ниту еден сместувачко-угостителски објект.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Во близина на крајбрежјето кај селото Тодоровци повремено се создава уште еден доста мал остров.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 38. Посетено на 30 март 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 ХЕЦ Калиманци“. ЕВН Електрани.
  3. 3,0 3,1 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 39. Посетено на 30 март 2021.
  4. М., И.. „Езерото Калиманци располага со голем туристички потенцијал!“. Игеографија. 17 декември 2014.

Надворешни врски

уреди