Еленец
Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленец — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Церски манастир Горноцерски манастир |
Други имиња | Манастир „Покров на Пресвета Богородица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Покров на Пресвета Богородица |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Покров на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Место | |
Место | Цера, Општина Македонска Каменица Македонија |
Координати | 42°03′49.5″N 22°31′03″E / 42.063750° СГШ; 22.51750° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија, чешма |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Оризарска парохија) |
Историја
уредиМанастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат за што биле обезбедени 270.000 евра од програмата ИПА за прекугранична соработка.[2][3]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија и чешма.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
уредиЦрквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура којашто се одликува со три куполи, полукружна апсида на источната стана и доградена камбанарија пред главниот влез на западната страна.
Настани
уредиБлагдени
уредиВо чест на благденот Покров на Пресвета Богородица којшто се празнува на 14 октомври, во манастирот се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во него.[4]
Бабина Баница
уредиБабина Баница е собир на пензионери којшто традиционално се одржува во месец јуни. Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а е поддржан од Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Секоја година на настанот со културно-уметничка програма се собираат пензионери од цела Македонија, а се одржува и натпревар во подготовка на баница под вршник. натпреваруваат во подготовка на баница под вршник.[5]
Галерија
уреди-
Манастирската црква
-
Дворот на манастирот
-
Куќи во манастирот
-
Тррадиционална куќа
-
Трпезаријата
-
Чешма
-
Помошен објект
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 32. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера Архивирано на 8 февруари 2021 г.“. ММС. 14 август 2018.
- ↑ Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 105-106. Посетено на 17 февруари 2021.
- ↑ „Црковно-народен собор во црквата „Покров на Света Богородица“ кај село Цера Архивирано на 19 октомври 2013 г.“. А1он. 14 октомври 2013.
- ↑ Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 94. Посетено на 17 февруари 2021.