Црква „Св. Илија“ - Бели
манастирска црква на Белскиот манастир
Свети Илија – манастирска црква на Белскиот манастир.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Спанчевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°56′14.2″N 22°22′22.4″E / 41.937278° СГШ; 22.372889° ИГД |
Место | Бели |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1964 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена заедно со манастирот чии темели биле поставени во 1964 година.[1]
Архитектура
уредиЦрквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна до којашто е доградена припрата. Над главниот влез има врамена икона на којашто е претставен Свети Илија, а од десната страна на главниот влез има спомен-плоча посветена на загинати борци во Првата балканска војна. Храмот има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот содржи икони распоредени во три реда.
Галерија
уреди-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Спомен-плочата до влезот
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Внатрешноста
-
Иконостасот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 103-104. Посетено на 16 февруари 2021.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Бели на Ризницата ?