Пресечки манастир
Пресечки манастир — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во селото Пресека.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Пресечки манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Харалампиј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Харалампиј |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Св. Харалампиј“ |
Личности | |
Место | |
Место | Пресека, Општина Кочани Македонија |
Координати | 41°59′11.3″N 22°28′55″E / 41.986472° СГШ; 22.48194° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, параклис, конак, трпезарија, летниковец |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Оризарска парохија) |
Историја
уредиМанастирот била изграден во текот на 1870-тите години. Во 2011 година, манастирот започнал да се обновува со средства прибрани од приватни претпријатија и верници, а притоа бил реконструиран кровот на манастирската црква, поправен бил конакот, а уредена била и околината.[2]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак, трпезарија и летниковец.
Црква „Свети Харалампиј“
уредиЦрквата е изгадена во карпа. Таа има правоаголна основа со осумаголна купола и мала апсида на источната страна.
Параклис
уредиПараклисот е сместен над манастирската црква, а од неговата страна има летниковец. Изграден е од бетонски тули и однадвор е варосан. Во неговата внатрешност има чешма, висечка полица со предмети и три слики, од коишто на едната е прикажана Богородица со Исус, на втората е претставена Тајната вечера, а на третата Исус.
Галерија
уреди-
Манастирската црква
-
Параклисот
-
Параклисот (десно) и летниковецот (лево)
-
Внатрешноста на параклисот
-
Манастирското ѕвоно
-
Трпезаријата
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Се реновира манастирот „Св.Харалампиј“ во кочанското село Пресека“. Идивиди. 22 јуни 2011.
Надворешни врски
уреди- Пресечки манастир на Ризницата ?