РЕК „Осломеј“

рударско-енергетски комбинат во Македонија

Рударско-енергетски комбинат „Осломеј“ (скратено РЕК „Осломеј“) — подружница во составот на АД Електрани на Македонија и се наоѓа во самата Кичевска Котлина, во близина на градот Кичево. Комбинатот, чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен, бил втор најголем во системот на македонското електростопанство, но поради проблеми со јагленот, ретко кога работи и се планира негово згаснување. Комбинатот е составен од единиците Рудник „Осломеј“ и ТЕЦ „Осломеј“.[1]

Поглед на комбинатот РЕК „Осломеј“

Историја

уреди

Производството во комбинатот е започнато во 1980 година.

Организација

уреди

ТЕЦ „Осломеј“

уреди

Термоелектричната централа „Осломеј“ во рамките на истоимениот комбинат е втора термоелектрична централа според инсталираната моќност во Македонија и некогаш учествувала со 10% од вкупното домашно производство на електрична енергија. Централата располага со еден блок со вкупна моќност од 125 MW, а започнала со работа во 1980 година.

Централата моментално ги користи преостанатите количини од локалниот лигнит од рудникот „Осломеј“, дел Запад.

Со цел да се продолжи нејзиниот работен век во 2015 година била изработена студија на изводливост за осовременување на централата. Студијата препорачала користење увозен јаглен со повисока калорична вредност.

Рудник „Осломеј“

уреди

Наоѓалиштето Осломеј се наоѓа во непосредна близина на ТЕЦ „Осломеј“ и неговото експлоатирање започнало во 1980 година. Лежиштето е поделена на два дела:[2]

  • Површински коп Осломеј-Исток, каде целосно е изваден јагленот; и
  • Површински коп Осломеј-Запад, каде јагленот е во завршна фаза на експлоатација.

Наводи

уреди
  1. „РЕК Осломеј – АД. ЕСМ“. Посетено на 16 јануари 2021.
  2. „Рудник Осломеј – АД. ЕСМ“. Посетено на 16 јануари 2021.

41°34′46.18″N 21°00′27.97″E / 41.5794944° СГШ; 21.0077694° ИГД / 41.5794944; 21.0077694