Црква „Св. Никола“ - Крупиште

црква во Македонија

Свети Никола — средновековна селска црква во штипското село Крупиште, Македонија.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Горнобалванска
Местоположба

Карта

Координати 41°50′28″N 22°15′19″E / 41.84111° СГШ; 22.25528° ИГД / 41.84111; 22.25528
Место Крупиште
Општина Карбинци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1625
Живопис 1627 и 1880
Зограф Исаија Фрчковски (второ живописување)
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот старохристијанска базилика и средновековна црква.[2]

Црквата се наоѓа на североисточниот излез од селото, под патот ШтипКочани, на десниот брег на Брегалница.

Местоположба уреди

Местоположбата на црквата е на крајот на патот, односно на излезот од селото до селските гробишта, западно од местото каде реката Злетовица се влева во реката Брегалница.[3]

Околу црквата и остатоците од базиликата биле пронајдени старохристијански и средновековни гробови. Дел од саркофаг служи како корито на чешмата што се наоѓа јужно од црквата.[2]

Историја уреди

Црквата „Св.Никола“ во Крупиште била изградена во 1625/6 година за време на епископот Макарие.[3]

Позната е во стручната литература како објект од XVII век. Според најновите констатации на Блага Алексова, нејзиното подигање е поместено во IX-X век. Од надворешната страна на ѕидовите се забележуваат вградени елементи од ранохристијанска архитектонска и скулптурална пластика, на кои има знаци и букви. Со ископувањата во 1975 година е утврдено дека црквата била подигната врз темели од трикорабна базилика во V до VI век, долга 16 м и широка 14,90 м, со централна апсида која од надворешната страна била организирана многуаголно и со нартекс на западната страна.[2]

Живописот на црквата бил обновен во 1880 г., од зографот монарх Исаис Дебрели, кој најверојатно вршел интервенции на стариот живопис од наосот, а во исто време ја живописал и припратата.[4]

Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.[5]

Архитектура уреди

Во својата основа е мала еднокорабна градба подигната врз темелите на средишниот кораб од старохристијанската базилика на чија ѝ се пронајдени остатоци. Од источната страна има многуаголна апсида од надвор, а од западната Нартекс.[3] Црквата Свети Никола била подигната од кршен камен со нееднаква големина и вградени делови од ранохристијанска пластика на која се испишани знаци и букви. Влезот е на западната страна. Во црквата се сочувани два натписа. На првиот пишува дека црквата е изградена во времето на епископот Макарие во 1625 година.[6]

Фрескоживопис уреди

Црквата била живописана во 1627 година, додека на вториот е забележан зографот Исаија Фрчковски, кој во 1880 година, кога се претпоставува дека е доградена припратата на црквата со полукружен свод, истата ја насликал и извршил одредени интервенции врз фрескописот од наосот. Во фрескописот од припратата изработен од овој зограф се забележуваат ликови облечени во современа носија.[7]

Икони уреди

Во црквата има икони од Данаил Штипјанецот, Исаја Дебренин и други непознати автори.[5]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 436. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 Културно историски водич на град Штип / Cultural historical Book - Guide. CIP - Каталогизација во публикација, Народна библиотека „Гоце Делчев“ Штип. 2002. стр. 57.
  4. Културно историски водич на град Штип / Cultural historical Book - Guide ULTURAL HISTORICAL BOOK - GUIDE. CIP - Каталогизација во публикација, Народна библиотека „Гоце Делчев“ Штип. 2002. стр. 58.
  5. 5,0 5,1 „Горнобалванска парохија“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-02-14. Посетено на 2021-02-09.
  6. Б. Алексова 1983, 85—00 и 1989, 18—3, 65—7
  7. И. Микулчиќ TIR, 75—76

Надворешни врски уреди