Рабетинска Река
Рабетинска Река — река во западниот дел на Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.
Рабетинска Река | |
---|---|
Реката низ Светораче | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Челоица, Кичевско |
• координати | 41°34′56.57″N 21°5′44.63″E / 41.5823806° СГШ; 21.0957306° ИГД |
• надм. вис. | 1.650 м |
Устие | |
• место | Треска, кај Лисичани, Кичевско |
• координати | 41°27′51.08″N 21°3′45.18″E / 41.4641889° СГШ; 21.0625500° ИГД |
• надм. вис. | 575 м |
Должина | 15,4 км |
Големина на сливот | 65,5 км2 |
Особености на сливот |
Настанува во извориштето Мочур (на надморска височина од 1.650 м), во јужните падини на планината Челоица, источно од Кичево. Поминува низ селата Рабетино, Дупјани, Светораче и Речани, и се влева во левата страна на Треска, кај с. Лисичани, на висина од 575 м. Нејзиниот слив соодветствува на подобласта Горно Рабетино.
Опис
уредиВкупната должина од изворот до вливот и изнесува 15,4 км, минималната должина 13,1 км а коефициентот на развиеност е 1,18. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 1.075 м а просечниот 69,8‰.[1] Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 37,0 км, а сливот зафаќа 65,5 км2.[2]
Долина
уредиДолината има правец на протегање север-југ. Во горниот тек сè до селото Рабетино таа има изразито планински карактер. Јужно од Светораче нејзината плавина се проширува, а самата долина е всечена во дното од средишната езерска рамнина.
Во долниот тек Рабетинска Река е всечена меѓу возвишенијата Старец (1.035 м) и Кале (1.022 м) од една и Чука од другата страна.[1]
Притоки
уредиОва се притоките на Рабетинска Река, кои се повремени или трајни водотеци, наведени по редослед на течението:
- Дабојца (Д)
- Леништа (Л)
- Василово Ѓубре (Л)
- Јавор (Л)
- Патејчка (Патевачка) Река (Л)
- Столечки Кладенчиња (Л)
- Длабоки Дол (Л)
- Дол (Л)
Рабетино
уредиРабетино (или Рабетинкол) е област во Кичевијата која го опфаќа сливот на Рабетинска Река и долниот тек на реката Треска, од селата Лисичани и Челопеци, па до селото Латово. Се дели на два дела: Горно Рабетино (споменатиот слив) и Долно Рабетино.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 58. ISBN 978-9989-2117-6-8.