Македонија во 2001 година
(Пренасочено од 2001 во Република Македонија)
Република Македонија во 2001 година | |
---|---|
|
Години : | 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 |
Водачи
уредиНастани
уредијануари
уреди- 17 јануари - Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик.
- 22 јануари - Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.
февруари
уреди- 12 февруари - Први вооружени пресметки меѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА, што се смета како датум на почеток на воената криза во Македонија.
- 14 февруари – Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за одбрана на Република Македонија.
- 16 февруари – во селото Танушевци, новинарска екипа на А1 телевизија беше заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени.
- 20 февруари – основан е Централен депозитар на хартии од вредност.
- 23 февруари – Во Скопје е потпишан договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ.
- 26 февруари – Во реонот на селото Танушевци, во непосредна близина на граничната линија на македонско – југословенската граница (во делот кон Косово) дојде до вооружена престрелка меѓу органите на обезбедувањето на нашата граница со (тогаш) непознати вооружени лица во црни и во маскирни униформи. Почетокот на кризата во РМ.
март
уреди- 5 март - Во месноста Рамно, во околината на Скопје, при експлозија на нагазна мина, животот го загубија двајца припадници на АРМ.
- 5 март - Во месноста Рамно, во околината на Скопје, со проектил од снајперска пушка, животот го загуби еден припадник на АРМ.
- 14 март – Ескалација на судирите со ОНА. Во Тетово е одржан митинг со милитантни пораки. За време на митингот, албанските терористи отвораат оган врз безбедносните сили од Тетовското Кале и од околните села.
- 14 март - Во близина на Тетово се регистрирани серии од вооружени напади врз припадници на МВР.
- 15 март - Од позиции кај селата Селце, Гермо, Гајре и Шипковица е пукано врз припадниците на полицијата. Притоа беа повредени 11 полицајци, како и 4 граѓани, од кои еден почина.
- 16 март - Од правец од месноста Кале во Тетово било стрелано врз припадниците на полицијата, притоа била оштетена црквата Свети Никола и долноводот на ЕСМ сместен кај населбата Колтук, што предизвика прекин на струја на неколку села.
- 16 март - Со автоматско оружје во Тетово, од правец на Градскиот стадион, се регистрирани истрели кон припадниците на полицијата. Тројца граѓани биле полесно повредени.
- 17 март - во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.
- 20 март - Во селото Табановце е нападната полициска патрола на СВР-Куманово.
- 21 март - Во комплексот Чаирчанка во Скопје, непознати напаѓачи застрелале двајца припадници на полицијата.
- 22 март - Кај месноста Чело, кај село Грачани - Скопско, при испукана граната е тешко повреден еден припадник на полицијата.
- 22 март - На локалниот пат Тетово-Вратница, на полицискиот контролен пункт, при обид да се изврши контрола на моторно возило, во правец на полициските сили беа фрлени две рачни бомби кашикари, Поради неисправност, една од бомбите не се активирала, а другата напаѓачот не успеал да ја активира. Во исто време, од страна на полицијата во правец на напаѓачите е пукано со огнено оружје и лицата се елиминирани.
- 22 март - Претседателот Борис Трајковски најавува жестока акција против припадниците на ОНА. Македонските безбедносни сили започнуваат офанзива во регионот на Тетово.
- 28 март - Во месноста Рамно - Скопско, при експлозија на нагазна мина, животот го загуби еден припадник на АРМ.
април
уреди- 9 април - Потпишана е Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Р Македонија со Европската Унија во Луксембург, со тоа Р Македонија стана првата земја од "Западниот Балкан" што потпишала таков документ. Преговорите за ССА се реализираа во значително кус период април - ноември 2000 година низ три рунди на главни преговори и пет средби на експертско ниво, односно технички преговори. Македонскиот парламент ја ратификува на 12 април 2001 г. Спогодбата за стабилизација и асоцијација беше парафирана на Самитот во Загреб на 24 ноември 2000 година.
- 19 април - Формирана е Нова демократија и за претседател на партијата е избран Чедо Петров.
- 28 април - Кај Вејце, Тетовско, се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите злосторства во поновата македонска историја.
мај
уреди- 1 мај - Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
- 4 мај - Околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово.
- 13 мај - Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Премиер е Љубчо Георгиевски.
- 15 мај - Во атарот на селото Лисец - Тетовско, кај месноста Сидоле извршен вооружен напад врз припадниците на полицијата.
- 22 мај – При повлекувањето на припадниците за Посебна единица, во близина на полицискиот пункт кај месноста Сидол, бил извршен напад, во кој осум припадници на полицијата биле повредени а целосно било уништено моторно возило цироки и едно теренско возило хермелин.
- 25 мај –Во селото Матејче, Куманово била нападната полициската станица од правец на селото Отља.
- 30 мај – Собранието на РМ го донесе Законот за одбрана. Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ бил донесен на 14 февруари 1992 година.
- 30 мај – Во близина на селото Опае, од страна на припадници на АРМ, се прифатени четири лица, кои претходно биле заробени од страна на припадниците на т.н. ОНА.
- 31 мај – Товарно моторно возило на АРМ, кое се движило по патот од селото Бањани кон караулата Биљак, наишло на нагазна мина. Од настанатата експлозија загинал еден припадник на АРМ, а возачот на моторното возило било потешко повредено.
јуни
уреди- 3 јуни - При вооружени престелки во селото Матејче - Куманово, повредени се пет припадници на полициските сили.
- 5 јуни - На пунктот Шипковечка кривина во Тетово е извршен напад врз безбедносните сили при кое загинаа пет припадници на АРМ, а тројца се потешко повредени.
- 6 јуни - Граѓаните на Куманово се соочија со недостиг од вода за пиење, бидејќи од страна на припадниците на ОНА биле затворени вентилите на Липковско Езеро.
- 8 јуни - Припадниците на ОНА воспоставуваат контрола врз скопското село Арачиново. Голем број на население било насилно протерено од селото. Дел од албанското население се упатило кон границата со Косово, СР Југославија, а дел од македонското кон Скопје. Притоа, биле заробени и во заложништво држани неколку лица од македонска припадност и физички малтретирани.
- 8 јуни - Оштетен е долноводот за напојување на електрична енергија на Попова Шапка и околните села Шипковица и Гајре, по кое овие реони останаа без струја. Како резултата на ова, четири хидроцентрали кои го снабдувале Тетово со вода, престанале да работат. Околу 40% се намалил дотекот на вода во водоводната мрежа на оваа општина.
- 11 јуни - Со претходен договор со ОБСЕ, од страна на безбедносните сили на Македонија се прекинати вооружените дејствија за чистење на теренот на реонот во Куманово и Липково, со цел да се решат хуманитарните катастрофи предизвикани од недостиг на храна за населението и дотур на вода во Куманово. .
- 12 јуни - Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, како морален чин, сочувствувајќи со огромната загуба на млади животи во Армијата.
- 12 јуни - Шест припадници на полицијата се повредени на регионалниот пат Јажинце-Тетово.
- 17 јуни - На полицискиот пункт кај Пожарниот дом во Тетово, при претрес на патничко возило во кое се превезувале две лица, едното од нив вперило пиштол кон полицајците, заканувајќи им се дека ќе ги убие, додека другото посегнало по бомбата што му била закачена на појасот. Со брза интервенција, лицата биле совладани.
- 20 јуни - Вооружен напад врз полициска станица Раште - Скопско.
- 22 јуни – Македонските безбедносни сили ја почнаа решителната офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско. Во близина на гробиштата меѓу селата Арачиново и Брњаци, животот го загубија тројца полицајци, а седум припадници биле повредени.
- 23 јуни – Двата борбени авиони "Сухој" 25 на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејства над македонското небо.
- 24 јуни - Припадниците на ОНА се повлекуваат од Арачиново под заштита на силите на НАТО.
- 25 јуни - Во напад врз безбедносните сили на РМ, животот го загуби еден полицаец, а пет биле повредени. Од граната биле уништени четири полициски возила.
- 26 јуни - Кај селата Никуштак и Виштица, кумановско, е нападнат воено-полициски пункт. Од паднатите проектили на ова подрајчќе било предизвикан пожар во посевите со жито.
- 26 јуни - Во регионот помеѓу селата Лавце и Селце во Тетово, бил нападнат полициски пункт при кое биле повредени двајца припадници на резервниот состав на полицијата.
- 26 јуни - По повлекувањето на припадниците на ОНА од селото Арачиново, две полициски патроли влегоа во селото со цел да извршат извидување и обиколка на теренот.
- 26 јуни - Во присуство на полициските сили, истражен судија, јавен обвинитерл и претставници на ОБСЕ и ЕУ, во селото Арачиново започнало претреси и деминирање на објектите на селото. Притоа, биле пронајдени поголеми количества на муниција и оружје, како и на медицински лекови.
- 30 јуни - Припадниците на т.н. ОНА ги презеле селата Једоарце, Отуње, Варвара и Сетоле.
јули
уреди- 2 јули – Кај селото Радуша, Скопско, безбедносните сили на РМ водеа една од најжестоките битки против албанските терористи.
- 2 јули – Кај селото Умин Дол, се повредени две лица од месното население и еден припадник на АРМ.
- 3 јули – Кај селото Танушевци, во претходна поставена заседа, беше извршен минофрлачки напад врз возило на АРМ, при што животот го загуби еден војник на АРМ, а еден беше повреден.
- 5 јули – Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.
- 5 јули – Во текот на целиот ден се пукаше врз безбедносните сили на Македонија, како кај пунктовите Кале, Жичарница, Лавце, Селце, Лешок, СВР Тетово и ПС Теарце. Од овие напади беа повредени 7 граѓани и еден полицаец. Освен ова, кај ПС Теарце биле заробени две лица од македонска националност, вработени како чувари во ХЕК Југохром.
- 7 јули – Кај месноста Кодра Фура е отворен оган кон караулата на АРМ.
- 7 јули – Затворен граничниот премин Долно Блаце, поради сомнеж од терористички напади.
- 8 јули – Заробени и физички малтретирани два жители, еден од село Џепчиште, а еден од Непроштено.
- 11 јули – Во реонот на Танушевци е повреден еден припадник на АРМ.
- 13 јули – На подрачјето на Арачиново, МВР спроведе координирана акција на ветеринарниот институт, ЈП Комунална хигиена, Републичкиот завод за здравство и претставници од Општина Арачиново и ОБСЕ, со цел санирање на првичните штети и создавање на услови за враќање на жителите во селото.
- 18 јули – Три лица во близина на селото Отушиште, тетовско, враќајќи се од работа, биле пресретнати од поголема група на вооружени лица и присилно одведени. Притоа, истите се однесени на непозната локација, во една куќа каде физички биле малтретирани.
- 19 јули – Во близина на Ново Село, возило од ЕУ со кое се превезувале три лицас, наишло на нагазна мина. Од настанатата експлозија, животот го загубиле и тројцата превозници.
- 21 јули – Во близина на граничниот појас кон Албанија, кај караулата Рибница, кај село Грекај, е повреден еден припадник на АРМ.
- 23 јули – Во близина на село Слатина е повреден еден припадник на македонската полиција, а неколку возила се оштетени.
- 23 јули – Во близина на село Невиште, смртно е погоден еден припадник македонската полиција.
- 23 јули – Во текот на денот биле киднапирани околу 20 луѓе од тетовско.
- 24 јули – Во близина на селото Теарце, при вооружен напад се повредени двајца полициски работници.
- 28 јули – Во близина на селото Теарце е нападната ПС Радуша.
- 29 јули – Во Арачиново е дозволено влез на раселените лица.
август
уреди- 2 август - Во близина на Градскиот стадион во Тетово, со снајперски проектил е погоден еден полициски работник.
- 7 август - Македонските безбедносни сили, во вооружена пресметка, ликвидираат петмина осомничени албански терористи во Скопје.
- 7 август - Киднапирани се пет градежни работници на компанијата Маврово, кои работеле на автопатот Скопје-Тетово. Тие биле физички малтретирани, брутално тепани и сексуално злоупотребени. На истите им било наредено да ги соблечат свопите мајци, по кое со нож на телото им ги напишале првите букви од имињата, соодветно М, Н и Д.
- 8 август - на Карпалак биле убиени десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија, а тројца повредени во нападот што припадниците на ОНА го извршиле врз воениот конвој.
- 12 август - Започна полициска акција на македонските безбедносни сили против припадниците на ОНА во село Љуботен.
- 13 август - Потпишан е Охридскиот мировен договор.
- 19 август - Од експлозија на мина на патот Мадрача-Ново Село, Тетово, загинаа двочлена екипа на мониторинг мисијата на ЕУ, во придружба на еден локален Албанец-преведувач.
- 21 август - Разрушена црквата „Св. Атанасиј“ во Лешок од страна на албанските терористи.
септември
уреди- 10 септември - Договор за слободна трговија меѓу Македонија и Украина.
октомври
уреди- 1 октомври - Започна да работи Еуростандард банка.
- 2 октомври - Европскиот суд за човекови права во Стразбур првпат ја осудува Бугарија по делото Станков и ОМО-Илинден против Бугарија.
- 7 октомври - Избегнат атентат врз Борис Трајковски во Софија.
- 11 октомври - Почнаа преговорите со ОТЕ за втор мобилен оператор.
ноември
уреди- 12 ноември - Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош, откако на нив бил отворен оган од ракетни фрлачи и зољи.
- 12 ноември - Ослободени 39-те лица, кои биле киднапирани во тетовско од страна на албанските терористи, со напори и ангажирање на министерството за одбрана во координација со мисијата на НАТО „Килибарна лисица“, Европската Унија и ОБСЕ.
- 15 ноември - Прогласени се Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
- 16 ноември - Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.
- 20 ноември - Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.
- 21 ноември - СДСМ и ЛДП ја напуштија широката владина коалиција, предводена од Љубчо Георгиевски.
- 21 ноември - Хашкиот трибунал официјално отвори две истраги за воени злосторства сторени за време на вооружениот конфликт во Македонија.
- 30 ноември - Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
декември
уреди- 12 декември - Демократска алтернатива стана вон-парламентарна партија, откако сите пет пратеници на пратеничката група ја напуштија партијата и решија да настапуваат како независни пратеници.
- 13 декември - Македонскиот амбасадор во САД, Никола Димитров, му ги предаде во Вашингтон акредитивните писма на американскиот претседател, Џорџ Буш.
- 14 декември - Претседателот Трајковски одлучи да помилува 11 припадници на таканаречената ОНА, кои беа лишени од слобода до завршувањето на процесот на разоружување на оваа екстремистичка организација на 26 септември.
- 14 декември - Хари Костов е обвинет за даночно затајување.
- 25 декември - Алтернативната информациона мрежа објави дека вкупниот број на жртви од страна на македонските безбедносни сили е 72. Албанската страна никогаш официјално не ги објавила, но се претпоставува дека нивниот број бил околу 3000 мртви
- 31 декември - Интензивни истрели во тетовско.[1]
Култура
уредиМузика
уреди- Основана музичката група Единствена Опција.
- Основана музичката група СТР2.
- Зошто сонот има крај, албум на Каролина Гочева.
- Ако денот ми е ноќ, албум на Калиопи.
- Диско, албум од Александар Митевски
- Кино Култура, албум од Влатко Стефановски
- Да пеам ... Сепак можам, албум на Ареа
- Демо, албум на Верка
- До последен здив, албум на Нокаут
- Чекај бе викам, каде бе малку..., албум на Суперхикс
- Клати и тркалај, албум на Т.Б. Трачери
- Моја библија, албум на Андријана Јаневска
- Санаториум, албум на Санаториум
Книги и списанија
уреди- Престана да постои списание Хортус.
- И петто годишно време од Славко Јаневски
- Измислена тврдина од Славко Јаневски
- Нови есеи од Данило Коцевски
- Трмка од Санде Стојчевски
- Сезона на глуварките од Блаже Миневски
- Кандид во земјата на чудата од Венко Андоновски
- Нобел против Нобел од Лидија Димковска
- Клатно од Јовица Тасевски - Етернијан
- Алексеј од Ристо Јачев
- Македонски древни вредности од Ангелина Маркус
- Бунар од Димитар Башевски
- Сатурн се враќа од Викторија Гаго
Филм и телевизија
уреди- Започна да работи Телевизија Менада.
- Премиера на филмот Прашина во режија на Милчо Манчевски.
- Премиера на филмот Одмазда во режија на Јан Хинтјенс и Слободан Деспотовски.
- Заведени, телевизиска серија во режија од Слободан Деспотовски.
Објекти
уреди- Изградена црквата „Св. Петка“ во Ново Лагово.
- Изграден споменик на петте струмички студенти во Струмица.
- Разрушена црквата „Св. Атанасиј“ во Лешок.
- Опожарена црквата „Св. Никола“ во Слатино[2].
- Оштетена црквата „Св. Илија“ во Брезно.
- Оштетена црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Теарце.
- Оштетена црквата „Св. Јован Богослов“ во Отушиште.
- Оштетена црквата „Св. Вознесение Христово“ во Јелошник.
- Оштетена црквата „Св. Богородица“ во Тетово.
- Оштетена црквата „Св. Никола“ во Тетово.
- Оштетена црквата „Св. Марена“ во Теарце.
- Оштетена црквата „Св. Архангел Михаил“ во Непроштено.
- Оштетена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Сетоле.
- Оштетена црквата „Св. Ѓорѓи“ во Отуње.
- Оштетена црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во Једоарце.
- Осветена црквата „Св. Климент Охридски“ во Чашка.
- Камен темелник на црквата „Св. Недела“ во Радожда.
- Камен темелник на црквата „Св. Софија“ во Издеглавје.
Останато
уреди- Основано е иселеничкото младинско друштво Полог.
Спорт
уредиФудбал
уреди- ФК Слога Југомагнат стана шампион по фудбал во сезоната 2000/2001 година.
- ФК Пелистер го освои купот на Македонија.
- Квалификации за светското првенство во фудбал (2002)
24 март 2001 |
Шведска | 1 - 0 | Македонија | Улеви, Гетеборг Судија: Јан Вегерев (Холандија) |
---|---|---|---|---|
Свенсон 43' | Details |
28 март 2001 |
Македонија | 1 - 2 | Турција | Градски стадион, Скопје Судија: Клауде Коломбо (Франција) |
---|---|---|---|---|
Т.Мицевски 20' | Details | И.Митревски 69' (а.) Умит 70' |
2 јуни 2001 |
Македонија | 2 – 2 | Молдавија | Градски стадион, Скопје Судија: Џек ван Хултен (Холандија) |
---|---|---|---|---|
Шаќири 10' М.Крстев 64' |
Details | Погребан 11' Барбујас 74' |
6 јуни 2001 |
Турција | 3 - 3 | Македонија | Ататурк, Бурса Судија: Паскале Родомонти (Италија) |
---|---|---|---|---|
Алтај 43', 59', 76' | Details | Шаќири 7' Серафимовски 20'
|
1 септември 2001 |
Македонија | 1 - 2 | Шведска | Градски стадион, Скопје Судија: Николај Левников (Русија) |
---|---|---|---|---|
Начевски 62' | Details | Ларсон 27' Андерсон 33' |
5 септември 2001 |
Азербејџан | 1 - 1 | Македонија | Тофик Бехрамов, Баку Судија: Михаел Рос (С.Ирска) |
---|---|---|---|---|
Јадуалаев 90' | Details | Трајанов 12' |
7 октомври 2001 |
Македонија | 0 - 5 | Словачка | Градски стадион, Скопје Судија: Михаил Рил (Англија) |
---|---|---|---|---|
Details | Реитер 28' Дзурик 58' П.Немет 72' Пинте 81' Оравец 90' |
* Пријателски натпревари
28 февруари 2001 19:00 |
Македонија | 1 – 1 | Чешка | Градски стадион, Скопје Гледачи: 8,200 Судија: Добринов Иван (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Христов 35' | Report | Павел 45' |
24 јули 2001 17:00 |
Катар | 1 – 0 | Македонија | Евреух, Париз Гледачи: 8,000 Судија: Коломбо Клаудио (Франција) |
---|---|---|---|---|
Калифи Ахмед 50' | Report |
1 август 2001 15:00 |
Саудиска Арабија | 1 – 1 | Македонија | Принц Фаисал бин Фахд бин Абдул Азиз, Ријад Гледачи: 8,000 Судија: Со Сад (С.Арабија) |
---|---|---|---|---|
Ал Досару 65' | Report | Мазнов Горан 34' |
14 ноември 2001 20:15 |
Унгарија | 5 – 0 | Македонија | Мегиери Иут, Будимпешта Гледачи: 12,000 Судија: Клучников Јуриј (Русија) |
---|---|---|---|---|
Листеш Кристијан 3', 75' Ферензе Истван 26' Токоли Атила 55' (пен..) Токади Тибор 64' |
Report |
30 декември 2001 20:15 |
Оман | 5 – 0 | Македонија | Стадион „Султан Кабус“, Мускат Гледачи: 4,000 Судија: Абдулхил Ал Хасари (OAE) |
---|---|---|---|---|
Фанзи Башир 50' Џабид Ал Хани 62' |
Report |
Кошарка
уреди- КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК Гостивар Николферт го освои купот на Македонија.
- КК Работнички го освои Суперкупот на Македонија.
Ракомет
уреди- Женската ракометна репрезентација на Светското првенство го освои 21 место.
Франција | 31 – 17 | Македонија |
Македонија | 22 – 31 | Данска |
Украина | 22 – 22 | Македонија |
Македонија | 24 – 29 | Холандија |
НР Кина | 32 – 25 | Македонија |
Останато
уреди- Основана Хокеј федерација на Македонија.
Починати
уреди- Список на загинати бранители на Македонија
- ? - Александар Самарџиски, македонски математичар.
- 18 февруари - Крум Монев, македонски револуционер.
- 4 мај - Васка Илиева, македонска пејачка.
- 4 јуни - Борислав Џинлески, ветеринар.
- 19 октомври - Таип Таипи, југословенски и македонски политички деец.
- 10 ноември - Божо Софрониевски, македонски глумец.
- 28 декември - Атанас Петровски, филмски режисер и продуцент.
- 28 декември - Џемаил Максут, театарски и филмски глумец.
Родени
уредиНаводи
уреди- ↑ www.a1.com.mk
- ↑ „Сквернавени споменици на православните гробишта во Слатино“. Утрински Весник. 18 април 2009. Посетено на 2010-09-12.