Оваа статија се однесува за војникот на АРМ и учесник во Воениот судир во 2001 година. За фудбалерот, видете Игор Николовски (фудбалер).

Игор Николовски
1975 – 26 март 2001 (26 г.)

Роден во:Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Грачани
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Армиски резервист
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Игор Николовски (Скопје, 1975Грачани, Општина Ѓорче Петров, 26 март 2001) бил македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај.[1]

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 година и смрт

уреди

Игор Николовски е роден во 1975 година во Скопје. Израснува во скопската населба Ченто. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил армиски резервист. Игор бил прв братучед со колумнистот Влатко Васиљ.[2] По потрага по сигурноста и егзистенцијата на своето семејство, кон кое со целата емоцијаи љубов беше приврзан, Игор се определи да ја облече униформата и стапи во резервниот состав на Армијата на Република Македонија. Веруваше дека на тој начин му обезбедува мирно и безгрижно детство на својот син. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај. Николовски загинал додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница.[3]

Во негова чест на плоштадот во населбата Хиподром е поставено спомен плоча. Погребан е на гробиштата Камник во населбата Ченто. Игор Николовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4] Николовски во жалост го остави своето семејство, сопругата и синот.

Наводи

уреди
  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Влатко Васиљ: Игор е жртвата што мојата фамилија ја даде за Македонија!“. iportal.mk. 26 март 2017.
  3. „АРМ не сака да убива, туку да го исчисти теренот од терористите“. Вест. 27 март 2001.[мртва врска]
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-06-28.