Предлошка:Јуни 2024 20 јуни — 171-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (172-ри во престапна година). Остануваат 194 дена до крајот на годината.

Настани:

1936  По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работници на Македонија.
1963  САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации.
1979  Во издание на НИП „Нова Македонија“, редакција „Вечер“, излезе првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“.
1996  Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.

Родени:

1389  Јован — Прв војвода од Бедфорд.
1469  Џан Галеацо Сфорцавојвода на Милано.
1819  Жак Офенбах — француски композитор од германско потекло.
1909  Ерол Флин — американски глумец.
1922  Александар Сариевски — македонски народен пејач и композитор.
1928  Ерик Долфи — американски џез-музичар.
1932  Роберт Рождественски — руски поет.
1941  Стифен Фриарс — англиски филмски режисер.
1942  Брајан Вилсон — американски рок-музичар, член на групата „Бич бојс“ (Beach Boys).
1949  Лајонел Ричи — американски поп-музичар.
1958  Светозар Цветковиќ — српски глумец.
1960  Џон Тејлор — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1967  Никол Кидман — австралиска глумица.
1968  Роберт Родригес — американски режисер.
1976  Жулијано Белети — бразилски фудбалер.
1978  Френк Лампард — англиски фудбалер.
1980  Фабијан Вегман — германски велосипедист.
1982  Алексеј Березутски — руски фудбалер.
1982  Василиј Березутски — руски фудбалер.
1987  Асмир Беговиќ — босански фудбалер.
1991  Калиду Кулибали — сенегалски фудбалер.
1993  Сеад Колашинац — босански фудбалер.

Починале:

1527  Николо Макијавелииталијански политичар, дипломат, писател и воен стручњак.
1888  Јоханес Цукерторт — германски шаховски мајстор.
1933  Клара Цеткин — познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка.
1993  Ѓерѓ Шароши — унгарски фудбалер.
1995  Емил Чоран — романски филозоф и есеист.
2002  Асен Групче — македонски правник.

Празници:

Летна долгодневица на северната полутопка — започнува летото. Краткодневица на јужната — започнува зимата.