Т.Б. Трачери (скратено од Терористичка банда трачери) - македонска рок група предводена од Кирчо Арсовски (вокал, гитара и главен автор на песните), активна од 1991 до 2016 година. Звукот на Т.Б. Трачери е лесно препознатлива мешавина на панк, гаражен рок и рокабили, над кој до полн израз доаѓаат морбидно циничните текстови на Арсовски. Сите албуми се снимени со Ален Хаџи-Стефанов, освен „Шлагери од Содома“.

ТБ Трачери
Животописни податоци
ПотеклоКуманово, Македонија
ЖанровиРокенрол, Панк рок
Период на активност1991–2016
Членови
Кирчо Арсовски (вокал, гитара, текстописец)

Кирил Арсов (бас гитара, придружен вокал) Андреј Анастасов Даскаловски (тапани, придружен вокал)

Ивица Димитријевиќ (гитара, придружен вокал)

Почетоци

уреди

На самиот премин од осумдесеттите во деведесеттите години од минатиот век во Куманово се појавила мала група ентузијасти, а пред сè љубители на алтернативната поп-култура, кои под закрилата на Музичката младина на Куманово успеале да протуркаат проект за издавање музичко списание, какво што не постоело до тој момент во Македонија, списанието „ММ“. Двигателот на оваа и слични иницијативи што следувале, бил младиот професор по англиски јазик, Љубиша Петрушевски. Со оглед дека самиот не свирел, Љубиша бил директен иницијатор Синиша Цветковски-Шиљо (и еден од петчлената редакција на „ММ“) и самоукиот поп-арттреш артист Кирчо Арсовски, да направат саундтрак на македонската транзиција во деведесеттите години. Шиљо и Кирчо уште во почетокот на осумдесеттите години имале неколку бендови: Опоен патлиџан, Уплашени и глуви, и други, но што и да создавале, останувало само помеѓу тие четири ѕида. Посериозен бил неименуваниот проект на Кирчо, од почетокот на деведесеттите години, кога заедно со својот пријател Шуменко, и ритам-машина, снимил демо што е изгубен скапоцен камен на кумановската протопанк сцена, основа на она што по некоја година го апсолвираат како Т.Б. Трачери. Впрочем, помеѓу тие пет демо-снимки се и првите верзии на подоцнежните мегахитови, Скопје и Мрзу старци. Кон средината на мај 1994 година, Тони Станковски (бас-гитара) и Влатко Алексовски (тапани) за првпат се искачуваат на сцена, на групна кумановска свирка, во клубот „Ариел“.

Звукот на Т.Б. Трачери (скратено од Терористичка банда трачери) е лесно препознатлива мешавина на панк, гаражен рок и рокабили, над кој до полн израз доаѓаат живописните текстови на Арсовски.

Активност

уреди

1995 - 2002

уреди

Првото посериозно концертно претставување го имаат во својот град, на првиот летен фестивал во Куманово, на 23 јуни 1995 година, организиран од страна на Љубиша и Славе Трајковски (водител на музичката емисија на ТВ Куманово, „Рокотека“). Една од песните што ги изведуваат, Генерали, се појавува на компилациската касета од фестивалот, Летен рок фестивал ’95, што претставува и нивно прво појавување на носач на звук. Паралелно со касетата била објавена и видеокасета, прва во македонската дискографија, на која Т.Б. Трачери биле застапен со две песни, покрај споменатата Генерали и Готов си. Митот за енергичен рокенрол-бенд започнува да се шири со голема брзина, па и скопските промотери нема да останат имуни на тоа. На 3 септември 1995 година за првпат се претставиле пред скопската публика, учествувајќи на фестивалот „Strip & Sound“ во летниот клуб „Мјузик гарден“. Интерес за бендот покажала и новоформираната издавачка куќа „Трот рекордс“, која ги поканила да учествуваат на фестивалот „Трот фест“, одржан на 15 септември 1995 г. во Куршумли ан, но соработка меѓу бендот и издавачката куќа никогаш не била воспоставена. Наредната 1996 година бендот за првпат се претставил и пред публиката во Штип и тоа во два последователни настапи, едниот на 21 март заедно со Соломонов печат, The Hip, Тотално опуштање и други, во Домот на младите во Штип, како гостин на Рок фест, и следниот на 1 мај на големиот отворен фестивал во околината на Штип, едноставно наречен „Open Air Rock“. Помеѓу овие два настапи, на 25 март 1996 г. за првпат јавно настапиле на прославата на 50-тата емисија на музичката емисија „Досие“, на ТВ Сител, во живо. Поддршката од „Канал 103“ резултирала со покана за настап на роденденскиот концерт на радиото, на 23 мај 1996 г. Неможноста да објават албум и покрај подршката што ја имале, делумно ги демотивирала и во следните две години бендот се повлекол, со повремени излети до Скопје, како на пример настапот на фестивалот „Фетус“, на 23 март 1997 г.

На 23 мај 1998 г. групата повторно настапила во МКЦ, на промоцијата на првиот број на музичкото списание „Град“. Ова бил последниот заеднички концерт на оригиналната постава на Т.Б. Трачери. Во март 1999 година јавноста ја добила информацијата за промена во бендот, во однос на ритам-секцијата. Од тој момент нов тапанар станал Андреј Атанасов-Еди, а нов басист виничанецот Кирил Арсов. Учествувале на фестивалот организиран на Школка во Градскиот парк, на 17 јуни 2000 г., на манифестацијата „10. мост – Фестивал на урбана култура“.

Зимата 2000 година, во киното во населбата Ѓорче Петров за само 2 часа биле снимени 18 песни. Снимател на материјалот е Ален Хаџи-Стефанов, а од гости на снимањето забележани се само три девојки како придружни вокали: Сандра, Ема и Ана. Наредната година во септември ги објавува списанието за култура „Маргина“ во својот 53 број. Албумот Клати и тркалај, со оглед на седумгодишната плодна работа на бендот, е некој неофицијален албум на најголеми хитови, составен од веќе вртените песни на „Канал 103“, како: Мрзу старци, Стра ми е, She’s a bomb, Мама не ти дава и Kinky. Нов андерграунд-хит станала песната Elton fucking John. Дизајнот на изданието во основа бил колаж изработен од Шиљо. Концертно материјалот го презентирале на мал клупски простор, „Lady Blue 2“, на 21 февруари 2002 г. Првиот нареден поголем настап на бендот бил на 12 април 2002 г., но од некои причини целиот фестивал, „Скопје бум фестивал“, ќе помине без некој особен интерес во јавноста. Но затоа, пак, деби-албумот се распродал во рекордно време и бендот веќе размислувал за повторна можност за снимање.

2003 - 2010

уреди

Летото 2003 година членовите на бендот повторно одлучиле да снимат албум. Кирчо издвоил 17 потенцијални хитови, и со помош на Ален, овојпат во киното „Фросина“ во МКЦ, ги снимиле за еден ден со делумни интервенции во домашното студио на Ален во Радишани. Овојпат придружни вокали биле: Сандра, Ален и Марија. Промоцијата била во МКЦ, со самостоен концерт на 20 декември 2003 година. Тоа бил и последниот концерт на Шиљо со Т.Б. Трачери.

На почетокот на 2004 година од бендот си заминал еден од основачите, Синиша, а на местото на Еди, дошол Атанас Алексов. Како нов вокал во бендот е промовирана и Александра Поповска. Оваа постава, на почетокот на 2005 година во студиото „The Hidden Dragon“, во продукција на Братислав Зафировски - Брацо, снимиле 12 песни. По албумот бендот се повлекол, обидувајќи се да се консолидира од не баш сјајниот помин кај фановите со последниот материјал. Единствено појавување пред јавноста било на фестивалот во Прилеп, „Прилепски заговор“, на 14 мај 2005 г. и по две години како гости во емисијата „Ако никој не свири“ на „Канал 103“, на 22 април 2007 година.

Т.Б. Трачери настапуваат на „Аларм за природата“, а по неколку месеци, на 3 октомври 2010 г., и на фестивалот во нивниот град, „Crane Music Festival“ во легендарната кумановска „Соколана“. Таа година ја завршуваат со самостоен клупски настап во „Кастро“, на 10 ноември 2010 г..

2011 - 2016

уреди

На 14 мај 2011 настапиле на „20 години од Канал 103“ во МКЦ, на 12 август 2011 г. на фестивалот „AKTO 6“ и на 25 август 2011 година настапиле на фестивалот „Слободна зона“ во Виница.

Последниот албум го објавувиле во ноември 2011 година и го промовирале на главната сцена на фестивалот „Таксират“, одржан на 3 декември, на неговото 13-то издание. Албумот содржи 16 песни и е повторно работен од страна на Ален. Дизајнот е дело на Кристина Божурска. Неколку дена по овој концерт, на 11 декември 2011 г. одржале концерт во живо на „Канал 103“ во емисијата „Ако никој не свири“. На почетокот на наредната година го имале својот последен настап во Скопје, на 18 февруари 2012 г. како едни од учесниците во прославата организирана од страна на МКЦ, а под името „Роденден на уметноста во МКЦ“. По овој настан информациите за какви било активности во таборот на Т.Б. Трачери едноставно нема.[1]

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
Клати и тркалај CD Маргина 2001
Купи ме CD Трач рекордс 2003
Шлагери од Содома CD Bagi Music 2005
Кинки во нервозна џунгла CD Кран 2011

Компилации

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Летен Рок Фестивал ’95 / Генерали MC РТК 1995
V.A. - Летен Рок Фестивал ’95 / Готов си; Генерали VHS РТК 1995
V.A. - 103 Live / Promena MC Our Sound 1996
V.A. - 10 Мост – Фестивал На Урбана Култура / Мама не ти дава CD LIM-PID 2000
V.A. - ZBRC Compilation / Pizza (live) MC Nema Labavo! 2001
V.A. - Преку Таквото / She’s a bomb CD PAC Multimedia 2001
V.A. - Време Ритам 01 / Кога со Оскар Вајлд зборувавме за тебе CD Време 2006
V.A. - Ако Никој Не Свири...Во Живо На Стотројка / Знам дека не

ме сакаш; Дона

CD Stotrojka 2008

Членови

уреди

Придружни членови

уреди
  • Александра Поповска - придружен вокал
  • Марија Арсова - придружен вокал

Поранешни членови

уреди
  • Тони Станковски - бас гитара, Влатко Алексовски - тапани, Атанас Алексов - тапани, Синиша Цветковски - гитара

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963-2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 347–349. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски

уреди