19 јули
датум
19 јули — 200-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (201-и во престапна година). Остануваат 165 денови до крајот на годината.
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Настани
уреди1799 | Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите. |
1870 | Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година. |
1900 | Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања. |
1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна. |
1943 | Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. |
1956 | водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји. |
1967 | Македонската православна црква прогласи автокефалност. |
Родени
уреди
Починале
уреди1374 | Франческо Петрарка — лирски поет од времето на италијанската предренесанса. |
1543 | Мери Болејн — сестра на англиската кралица Ана Болејн. |
1631 | Чезаре Кремонини — италијански филозоф. |
1886 | Цезарио Верде — португалски поет. |
1954 | Малина Попиванова — македонска револуционерка. |
2010 | Стивен Шнајдер — професор по биологија на животната средина. |
2010 | Енди Хамел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star). |
2019 | Радомир Смиљаниќ — српски писател. |