Ареа - музичка рок-група од Гостивар. Главен вокалист во групата е Ружица Милошеска Брчиоска, а покрај неа во групата се и гитаристот Ивица Брчиоски, бас-гитаристот Чеде Петрески, клавијатуристот Горан Брчиоски и тапанарот Владе Антески. За време на нивната триесетгодишна кариера, имаат издадено седум албуми.

Ареа
Ареа, Мото рок фест Куманово 2022
Животописни податоци
ПотеклоГостивар, Македонија
ЖанровиРок
Период на активност1991–денес
Членови
Ружица Милошеска Брчиоска (вокал)
Ивица Брчиоски (гитара)
Чеде Петрески (бас-гитара)
Горан Брчиоски (клавијатури)
Владе Антески (тапани)
Ареа, Мото рок фест Куманово 2022

Музичка кариера уреди

Почетоците уреди

Групата е основана во 1991 година, а првата нејзина песна била „Нека љубовта биде вистина“.[1] Во 1992 година, групата настапила на „Поп рок Фест“ во Скопје, каде што го освоила првото место и го снимила својот прв албум.[2]. Албумот, насловен „Случајно тука“ бил прогласен за дебитантски албум на годината. По издавањето на албумот, групата настапувала низ Македонија до крајот на 1994 година, по што направила подолга пауза.

Годините на успех уреди

Во 1999 година, групата повторно се вратила на сцената, со потпишување на договорот со „Авалон продукција“. Во меѓувреме, тапанарот Душко ја напуштил групата, а на негово место дошол Драган Матески - Гаге, а набргу на групата ѝ се приклучил Владе Антески, како ритам гитарист. Во 2000 година, излегол албумот „Врати на имагинација“ кој постигнал дотогаш невиден успех на македонските простори. Песната „Сите мои слики“ станала голем хит, а групата уживала популарност како никој дотогаш. На крајот, сето тоа кулминирало со концертот на „Скопски саем“, кога поради неочекувано големиот интерес, голем број обожаватели не успевале да влезат во преполнетата сала. За нив, „Ареа“ отсвириле уште еден концерт во „Универзална сала“.

Во периодот од 2000-2003 година групата одржала преку 80 концерти во Македонија, на просторите на поранешната СФРЈ и во Бугарија. Во 2001 година излегол живиот албум „Да пеам... Сепак можам!“, снимен на концертот одржан во „Универзална сала“. Во 2002 година излегол студискиот албум „Нешто недостасува“ кој звучи малку помрачно од претходните, но сепак, групата не ја изгубила популарноста и на 23 октомври 2002 година направила успешен концерт на „Скопски саем“. Во 2005 година, групата го објавила албумот „Теби близу“ за ПГП-РТС на српски јазик, што претставувало обид за пробивање на поранешните југословенски простори.

 
Ружица Милошеска Брчиоска, Мото рок фест Куманово 2022

Годините на зрелост уреди

Во ноември 2008 година, групата го издала својот шести албум насловен како „Сè што сакам си ти“, по што следувала концертна промоција. Во 2010 година, одржуваат два акустични концерти во Универзалната сала. Во 2013 година, групата ја објавила песната „Запознај ме“.[3].

Скорешни години уреди

Ареа ќе одржи акустичен концерт на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје, придружени од четири тамошни девојки и во организација на „Фреш јунион“. Говорејќи за концертот, Милошеска Брчиоска открила дека ќе има песни од нивните последни шест албуми, а меѓу нив ќе има и смирени и побрзи. Ивица Брчиоски, гитаристот на групата изјавил дека аранжманите се целосно изменети и адаптирани на оркестарот. Првиот концерт од двата бил целосно распродаден.[4]

Наводи уреди

  1. Андријана Андова, „Љубовната приказна ни почна на матурската вечер“, Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 5.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-03. Посетено на 2011-09-03.
  3. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 2013-04-05.
  4. „Акустичен концерт на „Ареа" во Филхармонија на 19 и 20 април“. Гостивар Прес. 11 април 2024. Посетено на 11 април 2024.

Надворешни врски уреди