Фудбалска репрезентација на Словачка

Фудбалската репрезентација на Словачка (словачки: Slovenské národné futbalové mužstvo) е национален машки фудбалски тим на Словачка раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј[3] во Трнава, а селектор на репрезентацијата е Јан Козак. Словачката репрезентација го има еден од најмладите фудбалски репрезентации во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Од тогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

 Словачка
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Репре[1]
Словачки соколи [2]
СојузФудбалски сојуз на Словачка
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторЈан Козак
КапитенМартин Шкртел
Најмногу настапиМирослав Карган (107)
Најдобар стрелецРоберт Витек (23)
Домашен стадионСтадион Антон Малатинскиј
ФИФА кодSVK
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално23 (април 2017)
Највисок14 (август 2015)
Најнизок150 (декември 1993)
Прв меѓународен натпревар
Прва Словачка Републука:
 Словачка 2–0 Германија Трет Рајх
(Братислава, Словачка; 27 август 1939)
Втора Словачка Република:
Неофицијален:
 Литванија 0–1  Словачка
(Вилнус, Литванија; 14 октомври 1992)
Официјален:
 ОАР 0–1 Словачка 
(Дубаи, ОАЕ; 2 февруари 1994)
Најголема победа
 Словачка 7–0 Лихтенштајн 
(Братислава, Словачка; 8 септември 2004)
 Словачка 7–0 Сан Марино 
(Дубница на Вах, Словачка; 13 октомври 2007)
 Словачка 7–0 Сан Марино 
(Братислава, Словачка; 6 јуни 2009)
Најлош пораз
 Аргентина 6–0 Словачка 
(Мендоса, Аргентина; 22 јуни 1995)
 Шведска 6–0 Словачка 
(Абу Даби, ОАЕ; 12 јануари 2017)
Светско првенство
Учества1
Најдобар резултатОсминафинале, 2010
Европско првенство
Учества1
Најдобар резултатОсминафинале, 2016

Словачка се квалификувала на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2016. Словачка изборила пласман на Светското првенство 2010 кое се одржало во Јужна Африка завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизирала со Нов Зеланд и забележала победа од 3–2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое била поразена од финалистот Холандија со 2–1. Тоа било првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играла во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација била на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот била елиминирана од Шпанија. Словачка не успеала да се квалификува за Светското првенство 2014, но обезбедила пласман на Европското првенство 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогнал на тимот да го постигне рекордното 14. место на ФИФА ранг листата.

Историја

уреди

Првиот официјален натпревар на првата Словачка Република (1939–1945) бил одигран во Братислава против Германија на 27 август 1939 година и завршил со победа од 2–0 за Словачка. По втората светска војна, фудбалската репрезентација бил вклучен во репрезентацијата на Чехословачка, и повеќе од педесет години Словачка не одиграла натпревар како самостојна држава. Во текот на овој период, во чехословачката репрезентација играле неколку значајни словачки играчи, вклучувајќи го мнозинството од тимот кој го освоил Европското првенство 1976 (8 од 11 играчи во репрезентацијата на Чехословачка која ја победила Западна Германија во финалето биле словаци).

 
Репрезентацијата на Словачка пред 1945 година.

Откако станала незавсна држава, првиот официјален меѓународен натпревар Словачка го одиграла во Дубаи против Обединетите Арапски Емирати на 2 февруари 1994 година, каде забележала победа од 1–0. На првиот натпревар на домашен терен, Словачка забележала победа од 4–1 над Хрватска во Братислава на 20 април 1994 година. Најголемиот пораз по независноста, словачката репрезентација го доживеала на 22 јуни 1995 година, во Мендоса против Аргентина (6–0). Најголемите победи (7–0) Словачка ги остварила против Лихтенштајн во 2004 година и Сан Марино (двапати) во 2007 година.

Во квалификациски циклус за големо натпреварување, Словачка за првпат учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996, завршувајќи на третото место во својата група, зад Романија и Франција, остварувајќи по две победи над Полска, Израел и Азербејџан. Во квалификациите за Светското првенство 1998, Словачка завршила на 4. место во својата група со пет победи, едно реми и четири порази.

 
Словачката репрезентација на натпреварот против Италија на Светското првенство 2010.

Словачка настапила на Светско првенство за првпат како независна држава во 2010 година откако завршила на првото место во својата квалификациска група пред Словенија, Чешка, Северна Ирска и Полска. На 14 октомври 2009 година, Словачка го изборила пласманот победувајќи ја Полска со 1–0.[4] На Светското првенство 2010, Словачка го освоила второто место во групата Ф благодарение на победата над бранителот на титулата Италија од 3–2. Со оваа победа Словачка се пласирала во осминафиналето и ја елиминирала Италија од натпреварувањето, која завршил последна во групата.[5] Резултатот од овој натпревар значел дека за првпат во историјата на светските првенства, двата финалисти од претходното првенство биле елиминирани во групната фаза, шампионот Италија и финалистот Франција.[6][7] Во осминафиналето, Словачка била поразена од Холандија со 2–1, а единствениот гол за Словачка го постигнал најдобриот словачки стрелец на првенството, Роберт Витек, од пенал во последните минути од натпреварот.[8]

Во квалификациите за Европското првенство 2012, Словачка била извлечена во група со Русија, Ирска, Ерменија, Македонија и Андора. Словачка ги започнала квалификациите одлично со две победи од 1–0 над Македонија на домашен терен и против Русија на гости. Следниот месец сепак Словачка била поразена во Ерменија (3–1) и одиграла реми од 1–1 на домашен терен против Ирска.

Во 2011 година Словачка забележала значително полоши резултати: во февруари, репрезентацијата била поразена со 2–1 во пријателски натпревар против Луксембург а потоа забележала две тешки победи од 1–0 над аутсајдерот Андора, кој во претходните четири натпревари примил 11 голови. Потоа во следните два натпревари, Словачка одграла реми без голови против Ирска и доживеала убедлив изненадувачки пораз на домашен терен од Ерменија од 4–0. Во последните два квалификациски натпревари, Словачка загубила од Русија на домашен терен (1–0) и ремизирала 1–1 во Македонија, завршувајќи на 4. место во групата со само седум постигнати голови. Исто така, за првпат во еден квалификациски циклус, Словачка имала негативна гол разлика.

 
Прослава на словачките играчи по победата над Русија на Европското првенство 2016.

Во квалификациите за Европското првенство 2016, Словачка била извлечена во група со Шпанија, Украина, Белорусија, Македонија и Луксембург. Словачка ги започнала квалификациите со победа од 1–0 над Украина во Киев. На 9 октомври 2014 година, Словачка остварила изненадувачка победа над Шпанија со 2–1 и го преземала првото место во групата. Со победата над Белорусија од 3–1, Словачка го потврдила првото место. Подоцна во квалификациите, Словачка забележала победа од 2–0 над Македонија на арената Филип II, го победила Луксембург со 3–0 во Жилина и повторно Македонија со резултат 2–1 исто така во Жилина. Потоа следел очекуван пораз од Шпанија со 0–2, реми без голови против Украина и изненадувачки пораз од 0–1 против Белорусија. Со победата над Луксембург на гостински терен од 4–2, Словачка го освоила второто место во групата и успеала за првпат да се пласира на едно Европско првенство.

Словачка била извлечена во групата Б на Европското првенство 2016 заедно со Русија, Англија и Велс. Словачка го започнала првенството со пораз од 2–1 од Велс, а потоа на вториот натпревар забележала победа од 2–1 над Русија со головите на Владимир Вајс и Марек Хамшик. Во последниот натпревар од групната фаза, Словачка изиграла реми без голови со Англија и се пласирала во осминафиналето како една од најдобропласираните третопласирани екипи. Во осминафиналето Словачка била поразена од Германија со резултат 3–0.

Прекари

уреди

Традиционално во Словачка, словачката репрезентација скратено се нарекува Репре (кратко за репрезентација). Сепак, во 2016 година, пред првиот настап на Словачка на Европските првенства, фудбалскиот сојуз на Словачка вовел нов прекар за репрезентацијата. Репрезентацијата го добил прекарот словачки соколи. Помладите фудбалски државни репрезентации биле наречени словачки соколчиња. И покрај слабиот одзив на прекарот кај словачките навивачи, прекарот сепак се користел во текот на првенството и во подоцнежниот квалификациски циклус за Светското првенство 2018 и сега често се користи, посебно во медиумите, заедно со Репре, кој сѐ уште почесто се користи во неформален разговор.[9]

Меѓународни учества

уреди

Светски првенства

уреди
Резултати на светски првенства Резултати во квалификации за светски првенства
Година Резултат Место Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол Мес Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол
  1998 Не се квалификувала 4. 10 5 1 4 18 14
   2002 3. 10 5 2 3 16 9
  2006 2. 14 6 6 2 26 14
  2010 Осминафинале 16 4 1 1 2 5 7 1. 10 7 1 2 22 10
  2014 Не се квалификувала 3. 10 3 4 3 11 10
  2018 Ќе биде утврдено НЕП 5 3 0 2 10 3
Вкупно Осминафинале 1/5 4 1 1 2 5 7 59 29 14 16 103 60

Европски првенства

уреди
Резултати на европски првенства Резултати во квалификации за европски првенства
Година Резултат Место Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол Мес Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол
  1996 Не се квалификувала 3. 10 4 2 4 14 18
    2000 3. 10 5 2 3 12 9
  2004 3. 8 3 1 4 11 9
    2008 4. 12 5 1 6 33 23
    2012 4. 10 4 3 3 7 10
  2016 Осминафинале 14. 4 1 1 2 3 6 2. 10 7 1 2 17 8
Вкупно Осминафинале 1/6 4 1 1 2 3 6 60 28 10 22 94 77

Олимписки игри

уреди
Земја домаќин / Година Резултат Из Поб Нер* Пор ДадГол ПриГол
  1996 Не се квалификувала
  2000 Групна фаза 3 1 0 2 3 6
  2004 Не се квалификувала
  2008
  2012
  2016
Вкупно 1/4 3 1 0 2 3 6

Европско првенство 2016

уреди

Групна фаза

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Велс 6 3 2 0 1 6 3 +3
2.   Англија 5 3 1 2 0 3 2 +1
3.   Словачка 4 3 1 1 1 3 3 0
4.   Русија 1 3 0 1 2 2 6 -4
11 јуни 2016 (2016-06-11)
18:00
Велс   2–1   Словачка Матмут Атлантик, Бордо
Гледачи: 37,831[10]
Судија: Свејн Одвар Моен (Норвешка)
Бејл   10'
Робсон-Кану   81'
Извештај Дуда   61'
15 јуни 2016 (2016-06-15)
15:00
Русија   1–2   Словачка Стад Пјер-Моруа, Вилнев д’Аск
Гледачи: 38,989[11]
Судија: Дамир Скомина (Словенија)
Глушаков   80' Извештај Вајс   32'
Хамшик   45'
20 јуни 2016 (2016-06-20)
21:00
Словачка   0–0   Англија Стад Жофроа-Гишар, Сент Етјен
Гледачи: 39,051[12]
Судија: Карлос Веласко Карбаљо (Шпанија)
Извештај

Елиминациона фаза

уреди

Осминафинале

уреди
26 јуни 2016 (2016-06-26)
18:00
Германија   3–0   Словачка Стад Пјер-Моруа, Вилнев д’Аск
Гледачи: 44,312
Судија: Шимон Марцинијак (Полска)
Боатенг   8'
Гомес   43'
Дракслер   63'
Извештај

Моментален состав

уреди

Следниве играчи беа повикани за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 против   Малта на 26 март 2017 година.

Настапи и голови до 26 март 2017 година, по натпреварот против   Малта.

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Матуш Козачик (1983-12-27)27 декември 1983 (воз. 33) 26 0   Викторија П’лзењ
12 ГМ Јан Новота (1983-11-29)29 ноември 1983 (воз. 33) 4 0   Рапид Виена
23 ГМ Мартин Дубравка (1989-01-15)15 јануари 1989 (воз. 28) 3 0   Слован Либерец
3 ОД Мартин Шкртел (1984-12-15)15 декември 1984 (воз. 32) 89 6   Фенербахче (капитен)
4 ОД Јан ЃурицаПОВ (1981-12-10)10 декември 1981 (воз. 35) 87 4   Трабзонспор
2 ОД Петер Пекарик (1986-10-30)30 октомври 1986 (воз. 30) 74 2   Херта
15 ОД Томаш Хубочан (1985-09-17)17 септември 1985 (воз. 31) 51 0   Олимпик Марсеј
16 ОД Корнел Салата (1985-01-24)24 јануари 1985 (воз. 32) 40 2   Слован Братислава
5 ОД Норберт Ѓембер (1992-07-03)3 јули 1992 (воз. 24) 16 0   Терек Грозњи
18 СР Ерик Сабо (1991-11-22)22 ноември 1991 (воз. 25) 12 0   Беитар Ерусалим
14 ОД Милан Шкринијар (1995-02-11)11 февруари 1995 (воз. 22) 8 0   Сампдорија
22 СР Јакоб Холубек (1991-01-12)12 јануари 1991 (воз. 26) 4 0   Жилина
17 СР Марек Хамшик (1987-07-27)27 јули 1987 (воз. 29) 96 20   Наполи (вице-капитен)
7 СР Владимир Вајс (1989-11-30)30 ноември 1989 (воз. 27) 59 6   Ал-Гарафа
19 СР Јурај Кучка (1987-02-26)26 февруари 1987 (воз. 30) 55 6   Милан
20 СР Роберт Мак (1991-03-08)8 март 1991 (воз. 26) 35 9   Зенит
13 СР Патрик Хрошовски (1992-04-22)22 април 1992 (воз. 24) 17 0   Викторија П’лзењ
6 СР Јан Грегуш (1991-01-29)29 јануари 1991 (воз. 26) 12 1   Копенхаген
8 СР Филип Кис (1990-10-13)13 октомври 1990 (воз. 26) 11 0   Хаугесунд
9 СР Матуш Беро (1995-09-06)6 септември 1995 (воз. 21) 3 0   Трабзонспор
10 СР Алберт Руснак (1994-07-07)7 јули 1994 (воз. 22) 2 0   Реал Солт Лејк
18 СР Станислав ЛоботкаПОВ (1994-11-25)25 ноември 1994 (воз. 22) 1 0   Нордсјиланд
21 НП Михал Ѓуриш (1988-06-01)1 јуни 1988 (воз. 28) 35 4   Оренбург
11 НП Адам Немец (1985-09-02)2 септември 1985 (воз. 31) 28 9   Динамо Букурешт

Статистика

уреди

Играчите напишани со задебелени букви се сѐ уште активни.

До 26 март 2017 година.

Најмногу настапи

уреди
 
Мирослав Карган
# Играч Кариера Настапи Голови
1. Мирослав Карган 1995–2011 107 14
2. Марек Хамшик 2007– 96 20
3. Мартин Шрктел 2004– 89 6
4. Јан Ѓурица 2004– 87 4
5. Роберт Витек 2001– 82 23
6. Петер Пекарик 2006– 74 2
7. Станислав Шестак 2004–2016 66 13
8. Филип Холошко 2005– 65 8
9. Владимир Вајс 2009– 59 6
10. Силард Немет 1996–2006 58 22

Најдобри стрелци

уреди

 
Роберт Витек
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1. Роберт Витек 2001– 23 82 0.28
2. Силард Немет 1996–2006 22 59 0.37
3. Марек Хамшик 2007– 20 96 0.21
4. Марек Минтал 2002–2009 14 45 0.31
Мирослав Карган 1995–2011 14 107 0.13
6. Станислав Шестак 2004–2016 13 66 0.20
7. Петер Дубовски 1994–2000 12 33 0.36
8. Љубомир Реитер 2001–2005 9 28 0.32
Тибор Јанчула 1995–2001 9 29 0.31
Мартин Јакубко 2004–2015 9 41 0.22
Адам Немец 2006– 9 28 0.32
Роберт Мак 2013– 9 34 0.26
12. Филип Холошко 2005– 8 65 0.12
14. Филип Шебо 2006–2012 7 15 0.47
Јарослав Тимко 1994–1997 7 18 0.39
Душан Тител 1994–1998 7 44 0.16

Менаџери

уреди

1939–1944

уреди
Менаџер Датуми Пр Поб Нер Пор ДадГол ПриГол ГР ППН
  Војтех Заводски 1939 1 1 0 0 2 0 +1 3.00
  Рудолф Ханак 1939–1940 2 1 0 1 5 4 +1 1.50
  Штефан Прибој 1940–1941 4 0 1 3 5 10 −5 0.08
  Штефан Чамбал 1941–1942 2 0 0 2 1 6 −5 0.00
  Фердинанд Даучик 1942–1944 7 1 1 5 10 24 −14 0.19
Вкупно 16 3 2 11 23 44 −21 0.69

1993–денес

уреди
Обновено на 26 март 2017
Менаџер Датуми Пр Поб Нер Пор ДадГол ПриГол ГР ППН
  Јозеф Венглош 6. 4. 1993 – 15. 6. 1995 16 5 4 7 21 30 −9 1.19
  Јозеф Јанкоч 4. 7. 1995 – 23. 10. 1998 34 18 6 10 51 33 +18 1.76
  Душан Радолски[13] 10. 11. 1998 1 0 0 1 1 3 −2 0.00
  Душан Галис 1. 1. 1999 – 23. 2. 1999 0 0 0 0 0 0 0 0.00
  Јозеф Адамец 26. 2. 1999 – 30. 11. 2001 34 13 11 10 38 31 +7 1.47
  Антон Драгуњ[14] 17. 11. 1999 – 25. 11. 2001 4 1 0 3 2 7 −5 0.25
  Станислав Грига[15] 21. 6. 2001 – 25. 6. 2001 3 1 0 2 2 3 −1 1.00
  Ладислав Јуркемик 1. 2. 2002 – 31. 12. 2003 19 6 5 8 27 26 +1 1.21
  Душан Галис 1. 1. 2004 – 12. 10. 2006 31 12 12 7 53 36 +17 1.55
  Јан Коцијан 2. 11. 2006 – 30. 6. 2008 17 3 5 9 30 28 +2 0.82
  Владимир Вајс 7. 7. 2008 – 31. 1. 2012 40 16 8 16 56 53 +3 1.40
  Михал Хип[16] 29. 2. 2012 1 1 0 0 2 1 +1 3.00
  Станислав Грига
  Михал Хип
26. 4. 2012 – 13. 6. 2013 12 3 4 5 11 14 −3 0.92
  Јан Козак 2 јули 2013– 42 22 9 11 61 42 +19 1.78
Вкупно 254 101 64 89 355 307 +48 1.44

Резултати против други репрезентации

уреди

Преглед на резултатите на словачката репрезентација со други репрезентации, до 26 март 2017 година по натпреварот против   Малта.
Југославија и Србија и Црна Гора повеќе не се активни.

Противник Одиграни Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
  Алжир 1 0 1 0 1 1 0
  Андора 2 2 0 0 2 0 +2
  Аргентина 1 0 0 1 0 6 −6
  Ерменија 2 0 0 2 1 7 −6
  Австралија 1 0 1 0 0 0 0
  Австрија 4 1 2 1 3 4 −1
  Азербејџан 6 5 0 1 12 4 +8
  Белорусија 3 2 0 1 7 2 +5
  Белгија 3 0 2 1 3 4 −1
  Боливија 3 2 0 1 3 2 +1
  Босна и Херцеговина 3 1 0 2 4 5 −1
  Бразил 1 0 0 1 0 5 −5
  Бугарија 7 4 1 2 10 5 +5
  Камерун 1 0 1 0 1 1 0
  Чиле 2 1 0 1 3 2 +1
  Колумбија 3 0 1 2 0 2 −2
  Костарика 3 1 1 1 5 6 −1
  Хрватска 13 2 3 8 17 33 -16
  Кипар 4 3 0 1 14 6 +8
  Чешка 10 3 2 5 10 21 −11
  Данска 2 1 0 1 4 3 +1
  Египет 1 0 0 1 0 1 −1
  Англија 5 0 1 4 2 9 −7
  Естонија 2 2 0 0 3 1 +2
  Фарски Острови 2 2 0 0 5 1 +4
  Финска 3 2 1 0 4 1 +3
  Франција 4 1 1 2 2 6 −4
  Грузија 2 1 0 1 3 3 0
  Германија 11 3 0 8 12 25 −13
  Гибралтар 1 0 1 0 0 0 0
  Грција 5 1 1 3 4 6 −2
  Гватемала 1 1 0 0 1 0 +1
  Унгарија 4 2 2 0 3 1 +2
  Исланд 5 3 1 1 10 6 +4
  Иран 2 1 0 1 6 6 0
  Ирска 5 0 4 1 5 6 −1
  Израел 4 3 1 0 7 3 +4
  Италија 2 1 0 1 3 5 −2
  Јапонија 3 0 1 2 2 5 −3
  Кувајт 1 1 0 0 2 0 +2
  Латвија 6 3 3 0 12 6 +6
  Либан 1 0 0 1 1 2 -1
  Лихтенштајн 9 7 2 0 26 1 +25
  Литванија 5 2 3 0 9 4 +5
  Луксембург 5 4 0 1 15 5 +10
  Македонија 8 6 2 0 16 3 +13
  Малта 7 6 1 0 18 3 +15
  Мексико 1 0 0 1 2 5 −3
  Молдавија 3 2 0 1 5 4 +1
  Црна Гора 1 1 0 0 2 0 +2
  Мароко 1 0 0 1 1 2 −1
  Холандија 2 0 0 2 1 4 −3
  Нов Зеланд 1 0 1 0 1 1 0
  Северна Ирска 4 2 1 1 4 2 +2
  Норвешка 2 0 0 2 0 3 −3
  Парагвај 1 0 0 1 0 2 −2
  Перу 2 0 0 2 1 3 −2
  Полска 8 4 1 3 12 13 −1
  Португалија 4 0 1 3 1 7 −6
  Романија 11 1 5 5 12 20 −8
  Русија 9 3 3 3 8 8 0
  Сан Марино 4 4 0 0 22 1 +21
  Саудиска Арабија 1 0 1 0 1 1 0
  Шкотска 1 1 0 0 3 0 +3
  Србија и Црна Гора 1 0 0 1 0 2 −2
  Словенија 6 1 2 3 4 6 −2
  Јужна Кореја 1 0 1 0 0 0 0
  Шпанија 6 1 1 4 6 15 −9
  Шведска 5 0 2 3 1 10 −9
  Швајцарија 3 2 0 1 4 4 0
  Тајланд 1 0 1 0 1 1 0
  Турција 6 1 1 4 3 8 −5
  Уганда 1 0 0 1 1 3 −2
  Украина 5 1 3 1 5 5 0
  ОАР 2 2 0 0 3 1 +2
  САД 1 1 0 0 1 0 +1
  Узбекистан 1 1 0 0 4 1 +3
  Велс 3 1 0 2 8 8 0
  Југославија 2 0 1 1 1 3 −2
Вкупно 283 107 66 110 392 392 0

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Prezývka slovenských reprezentantov? Suchá“. aktualne.sk. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 10 June 2010.
  2. „SLOVENSKÍ SOKOLI“. futbalsfz.sk. Архивирано од изворникот на 2016-08-09. Посетено на 1 June 2016.
  3. „Slovakia v Latvia, 25 March 2016“. 11v11.com. Посетено на 23 May 2016.
  4. „Thrilling win in the snow“. ESPN. 14 October 2009. Посетено на 15 October 2009.
  5. „Champions dumped out“. ESPN. 24 June 2010.
  6. „Italy eliminated from World Cup in 1st round“. AP. 24 June 2010.[мртва врска]
  7. „Italy and France make unwanted history“. AFP. 24 June 2010. Архивирано од изворникот на 2014-02-24. Посетено на 2017-04-21.
  8. „Robben rocks Slovakia“. ESPN Soccernet. 28 June 2010. Посетено на 18 August 2010.
  9. http://sportky.zoznam.sk/c/147984/fanusikov-poburil-symbol-reprezentantov-sokoli-skor-lacna-napodobenina-a-plagiat
  10. „Full Time Summary – Wales v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
  11. „Full Time Summary – Russia v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
  12. „Full Time Summary – Slovakia v England“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
  13. Го предводел тимот против Полска на 10 ноември 1998 година како в.д. селектор
  14. Како асистент менаџер го предводел тимот за време на турнејата во Средна и Јужна Америка
  15. Го предводел тимот за време на Мердека турнирот во 2001 година во Куала Лумпур, Малезија.
  16. Го предводел тимот против Турција на 29 февруари 2012 година како в.д. селектор

Надворешни врски

уреди