ФК Пелистер - фудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во Втората македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Тумбе кафе.

ФК Пелистер
Амблемот на ФК Пелистер
Целосно име ФК Пелистер Битола
Основан 1945; пред 75 години (1945)
Распаднат {{{распаднат}}}
Стадион Стадион Тумбе Кафе
Капацитет 8,000
Претседател Општина Битола
Тренер Неџат Хусеин
Лига Прва македонска лига
2019/2020
(недовршена)
Втора македонска лига - Запад,
1. од 10 места (унапредени)
Екипни бои
Kit body whitebow.png
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Kit body greenbow.png
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ИсторијаУреди

ФК Пелистер е формиран во 1924 година, најпрво под името „Омладина“, кое подоцна било сменето во „Пелистер“, а подоцна во „СК Битола“. Клубот повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945 година, а веќе во 1946 година станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година, клубот се споил со "ФК Работник", но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време биле: Ѓеоргиевски, Димитровски, Мицевски, Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за првпат во својата историја влегол во втората југословенска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил во лигата во 1982 година, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на СФР Југославија, Пелистер настапувал и во Првата сојузна лига.

Натпревари во фудбалскиот шампионат на МакедонијаУреди

По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуирано се натпреваруваше во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003, кога клубот испаѓа од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер нема освоено шампионска титула во првенството на Македонија, но двапати е освојувач на Купот на Македонија во 2001 и во 2017 година.

Сезона 2014-2015Уреди

Летото 2014 година, ФК Пелистер, кој бил во целосна сопственост на Општина Битола, добил нов спонзор - претпријатието Цермат". Истовремено, клубот добил нов претседател (Димче Шеровски), а за нов тренер бил назначен поранешниот тренер на клубот, Марјан Секуловски.[1]

Пелистер во ЕвропаУреди

РезултатиУреди

Сезона Натпреварување Коло Клуб Дома Гости Вкупен резултат
2000 Интертото куп   Хобшаид 3–1 1–0 4–1  
  Вестра Фрелунда 3–1 0–0 3–1  
  Селта Виго 1–2 0–3 1–5  
2001–02 Куп на УЕФА   Санкт Гален 0–2 3–2 3–4  
2008–09 Куп на УЕФА 1K   АПОЕЛ 0–0 0–1 0–1  
2017–18 Лига Европа   Лех Познањ 0–3 0–4 0–7  

Моментален составУреди

Од сезона 2020/21

5 Илиевски - CB, RB

2 Исмаили - RB

11 Бошковски - LB, LM, LF

1 Трајчевски - GK

10 Маневски - СF

24 ПОПОВСКИ -? (CM, CDM )

17 КАКОВСКИ-?RM?

13 Борха - CB, LB

21 Фазлиу -RM, RW

8 Спиркоски- CDM, CM

28 Драгарски - CB

95 Талевски - GK

32 Илиески- CB

7 Танушев - CM i AMF

19 Кочовски - LB, LM i AMF

20 Николовски - CDM i CM

22 Пејаковиќ-LM, LMF

9 Хотт-CF

87 Нето-RM, RMF i CF

16 Стефановски - CB

27 ТОРНЕВСКИ -? CF?

99 Јовчевски - GK

4 MИЛЕВСКИ -CB? RB

31 Талевски -? CF

23 Андоновски -? LM, LF?

92 Фејзуловски -? CM, LM?

A. СПИРОВСКИ -? CF?

Стручен штаб :Зоран Штеријовски шеф на стручен штаб, помошници Димитар Капинковски, Горан Ганчев кондиционен тренер Даниел Стојановски а тренер на голманите Горан Пашовски


ТитулиУреди

  Македонска републичка лига:

  • Победник (7): 1949–50, 1950–51, 1956–57, 1959–60, 1960–61, 1974–75, 1981–82

  Втора македонска лига:

  Македонски републички куп:

  • Победник (4): 1959, 1962, 1985, 1991

  Куп на Македонија:

Навивачка поддршкаУреди

Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

НаводиУреди

  1. "Секуловски пак на клупата кај Пелистер", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр, 25.

Надворешни врскиУреди