ФК Слога Југомагнат
- Не го поистоветувајте со клубот Шкупи.
ФК Слога Југомагнат е распаднат македонски фудбалски клуб од Скопје, оформен во 1927 година. Клубот е повеќекратен шампион на Првата македонска лига и Купот на Македонија. Клубот се распадна во 2009 година, за време на сезоната 2009-10. Потоа, во летото 2012 година, управата на клубот реши да се спојат со ФК Албарса и така да се создаде нов клуб Шкупи.
ФК Слога Југомагнат | |||
![]() | |||
Целосно име | Ф.К. Слога Југомагнат Скопје | ||
Основан | 1927 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | 2009 | ||
Стадион | Чаир | ||
Капацитет | 4500 | ||
Претседател | Рафет Муминовиќ | ||
Тренер | Назми Ајдини | ||
|
Историја Уреди
Клубот е оформен 1927 година под името „Зафер“, и тоа име го носел сè до 1947 година кога бил преименуван во Слога. По независноста на Македонија и формирањето на 1 МФЛ, клубот станал нејзин член и таму се натпреварувал сè до сезоната 2004/2005 кога го зазел претпоследното место и испаднал од лигата. Своите натпревари клубот ги играл на стадионот Чаир, кој има капацитет од 4500 гледачи, а го делел и со ФК Балкан и ФК Единство. Клупскиот прекар е „Чаирски гулаби“ кој траел сè до 1989, а сè до распадот клупскиот прекар им беше „Шверцерат“ како и навивачите „Шверцери“ кои сега навиваат за новооформениот клуб Шкупи.