Црква „Св. Марена“ - Теарце
Света Марена или Огнена Марија — црква во тетовското село Теарце. Патрониот празник на црквата се прославува секоја година на 30 јули[1].
Света Марена
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Теаречка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Теарце |
Општина | Теарце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Изградба | 1980 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиВеднаш под селото, во рамничарскиот дел имало тумба создадена од урнатини од црква. Меѓутоа кај теарчаните било сочувано преданието дека разурнатата црква била посветена на Света Марена. По ова предание во 1954 година Блага Алексова извршила раскопување и на местото се најдени остатоци од мермерниот иконостас и мали фрагменти на фрескоживопис. Црквата била долга 10,2 м. и широка 5,90 м. околу неа имало гробови. Според мермерниот иконостас се смета дека потекнува од пред турскиот период. Во 1980 година жителите на село Теарце на дел од старите темели подигнале мала капела и на патрониот ден на 30 јули го празнуваат ова светилиште.
Настани од 2001
уредиЗа време на воениот конфликтво Тетовско, албанските качачки банди не ја поштедиле ниту оваа црква. Истите тие стрелале со огнено оружје во влезната врата крај Светиот Крст и во внатрешноста направиле пустош. Во периодот 15 јануаридо 6 февруари 2002 година, непознати лица ја оштетиле црквата кои влегувале преку прозорците, оштетиле три икони, ги искршиле стаклата и ќерамидите, го опожариле теписонот, а свеќниците биле исфрлени надвор од црквата.[2]
Наводи
уреди- ↑ Симуноска, Лилјана (30 јули 2009). „Православието денес го чествува денот посветен на светата великомаченица Марина“. Кисс Тв. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]
- ↑ „Оштетени црквите во Слатино и во Теарце“. Дневник. 2002. Посетено на 2010-09-09.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |