Фудбалска репрезентација на Молдавија
Фудбалската репрезентација на Молдавија (романски: Echipa națională de fotbal a Moldovei) ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година.
Сојуз | Фудбалска молдавска федерација (Federația Moldovenească de Fotbal; FMF) | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Енгин Фират | ||
Капитен | Александру Епуреану | ||
Најмногу настапи | Александру Епуреану (91) | ||
Најдобар стрелец | Сергеј Клескенко (11) | ||
Домашен стадион | Стадион Цимбру, Кишињев | ||
|
Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот.
После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година.
Историја
уредиФудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, фудбалската репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија.
Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода.
Натпреварувачки учинок
уредиСветско првенство
уредиУчинок на Светското првенство | Учинок на квалификациите | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Фаза | Место | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | Состав | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | |
1930 до 1938 | Дел од Романија | |||||||||||||||
1950 до 1990 | Дел од Советскиот Сојуз | |||||||||||||||
1994 | Не била член на ФИФА | Не била член на ФИФА [1] | ||||||||||||||
1998 | Не се квалификувала | 8 | 0 | 0 | 8 | 2 | 21 | |||||||||
2002 | 10 | 1 | 3 | 6 | 6 | 20 | ||||||||||
2006 | 10 | 1 | 2 | 7 | 5 | 16 | ||||||||||
2010 | 10 | 0 | 3 | 7 | 6 | 18 | ||||||||||
2014 | 10 | 3 | 2 | 5 | 12 | 17 | ||||||||||
2018 | 10 | 0 | 2 | 8 | 4 | 23 | ||||||||||
2022 | Ќе се утврди | |||||||||||||||
Вкупно | 0/6 | 58 | 5 | 12 | 41 | 35 | 115 |
Европско првенство
уредиУчинок на Европското првенство | Учинок на квалификациите | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Фаза | Место | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | Состав | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ | |
1960 до 1992 | Дел од Советскиот Сојуз и ЗНД | |||||||||||||||
1996 | Не се квалификувала | 10 | 3 | 0 | 7 | 11 | 27 | |||||||||
2000 | 8 | 0 | 4 | 4 | 7 | 17 | ||||||||||
2004 | 8 | 2 | 0 | 6 | 5 | 19 | ||||||||||
2008 | 12 | 3 | 3 | 6 | 12 | 19 | ||||||||||
2012 | 10 | 3 | 0 | 7 | 12 | 16 | ||||||||||
2016 | 10 | 0 | 2 | 8 | 4 | 16 | ||||||||||
2020 | 10 | 1 | 0 | 9 | 4 | 26 | ||||||||||
2024 | Ќе се утврди | |||||||||||||||
Вкупно | 0/7 | 68 | 12 | 9 | 47 | 55 | 140 |
Лига на нации
уредиУчинок во Лигата на нации | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Дивизија | Место | ОН | П | Н | З | ДГ | ПГ |
2018-19 | Д | 48. | 6 | 2 | 3 | 1 | 4 | 5 |
2020–21 | Ц | Ќе се утврди | ||||||
Вкупно | 6 | 2 | 3 | 1 | 4 | 5 |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Фудбалска молдовска федерација (на романски и руски)
- Архива на резултати RSSSF: 1991 – до денес (на англиски)
- Извештаи за сите натпревари на репрезентацијата на Молдавија (на англиски)