Верка (група)

Ова е објавената верзија, проверена на 29 октомври 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Верка е музичка група од Делчево, Република Македонија. Нивниот стил претставува автентичен метал со елементи на традиционална македонска музика која вклучува народни инструменти како тапан, тарабука, гајда, кларинет и бендир. Членови на бендот се: Никола Тричковски (вокал, синтисајзер, бас гитара), Влатко Нушев - Далтон (тапани), Марс Марсовски (гитара) и Бране Антовски (тапан, тарабука, гајда, кларинет, бендир).

Верка
Верка на фестивалот Таксират 13, 03.12.2011 во Скопје
Животописни податоци
ПотеклоДелчево, Македонија
Жанровимакедонски метал
Период на активност1999 – 2022
Членови
Никола Тричковски
Влатко Нушев - Далтон
Марс Марсовски
Бране Антовски - Блеки
Поранешни членови
Симе Златков
Златко Андоновски
Христијан Николовски - Хико
Новата постава на Верка - август 2014

За името

уреди

Оригиналното име на бендот било запишано како Werk.A,[1] но организаторот на еден од неговите први јавни настапи, во Пробиштип, неговото име на плакатите го запишал како Верка. На следниот настап се повторила истата грешка, и во Штип ги најавиле како Верка. Не сакајќи во иднина да се конфронтираат со организаторите, а и да не се чувствуваат обесправено поради честото погрешно пишување на името на бендот, неговите членови ќе одлучат и официјално да се најавуваат во таа поедноставна варијанта, Верка (или со латинична транскрипција Verka).

Почетоци

уреди

Верка биле формирани во 1999 година од Никола Тричковски (синтисајзер, вокал), Марс Марсовски (бас гитара) и Влатко Нушев – Далтон (тапани) кои во тоа време сè уште се активни во бендовите Modified Gods (Марс и Далтон) и New Age Messiah (Никола). Во овој состав, бендот направил неколку клупски свирки низ Македонија (Скопје, Штип, Кратово, Делчево, Пробиштип, Охрид). После една таква свирка, на Никола му го украле синтисајзерот заедно со комплетниот програминг. Бидејќи немал доволно средства да набави нов синтизајзер, Никола почнал да свири на бас гитара, Марс на гитара, а ним им се приклучува Бране Антовски – Блеки на народни инструменти (тапан, тарабука, гајда, кларинет, бендир) и со тоа се сменил звукот на бендот.

Активност

уреди

Во 2001 година, Верка добива прва награда од публика и жири комисија на фестивалот Рок фест во Скопје. Како победници, снимаат неколку песни во Студио М2 на Македонската радио-телевизија кои подоцна ги објавуваат како демо EP. Истата година, со победата на Демо Таксират свират на тогаш престижниот фестивал Таксират 1+2 во Скопје.

Во 2002 година, бендот го издал својот прв албум со наслов „Џага“ за Литиум рекордс – Скопје кој е еден од најпродаваните албуми за таа година[2]. По издавањето на албумот, активно настапувале по клубови и фестивали (Аларм – Љубаниште, Екс-ју Рокс – Бугојно/БиХ). Еден од позначајните настапи на бендот во тој период бил како предгрупа на бразилскиот состав Soulfly во Скопје.

И покрај веќе снимениот албум, Верка не добиле голема шанса за промоција, поради тоа што издавачот и промотер, Литиум рекордс, не го почитувал договорот. Затоа, по 2003 година следела непланирана пауза од настапи која бендот ја искористил за создавање нова музика.
Во 2009 година, Верка го промовирала спотот за новата песна со наслов „Огин“ и концертно се активирала. Во декември 2010 година, самостојно го издале вториот албум „Моторни песни“, насловен според збирката поезија на македонскиот поет Никола Вапцаров.

Во текот на 2011 година, бендот се посветил на концертна промоција на албумот и одржал неколку настапи низ Македонија (Скопје, Делчево, Куманово, Битола).

Во јуни 2012 година, членовите на Верка заминале на турнеја низ Балканот и го промовирале својот материјал со концерти во Суботица, Нови Сад, Белград, Загреб, Љубљана, Крањ, Белтинци, Сараево и Подгорица.

Од август 2012 година, Бране Антовски веќе не бил член на бендот, а на негово место дошол Христијан Николовски - Хико.

Следната година од бендот заминал и Никола Тричковски поради привремена работа во странство (Босна и Херцеговина) на неодреден период. Двајцата останати оригинални членови (Далтон и Марс) ангажирале нови двајца и заедно со старо-новиот член Хико прават и издаваат албум и одржуваат концерти за негова промоција.

До ноември 2022 бендот во тој состав повеќе не бил активен. Тој месец во Скопје во МКЦ се одржуваат концерти од Пин Конференција на Пасворд Продукција во чиј склоп концерт одржува и Верка со враќање на Бране Антовски- Блеки и Никола Тричковски во бендот. Концеротот бил во знак на обележувањето на 20 годишнината од издавањето на деби албумот Џага.

Членови

уреди
  • Никола Тричковски - Маздрак - вокал, бас, синтисајзер
  • Влатко Нушев – Далтон – тапани
  • Марс Марсовски – гитара
  • Бране Антовски - Блеки - тапан, тарабука, кларинет

Поранешни членови

уреди
  • Христијан Николовски - Хико - тапан, тарабука
  • Симе Златков - вокал
  • Златко Андоновски - бас

Дискографија

уреди

Демо (2001)

уреди
 
Првото EP на Верка, издадено во 2001 година.

„Демо“ е EP кое содржи 5 песни снимени во Студио М2 на Македонската радио-телевизија. Истите песни се издадени во соработка со Литиум рекордс и бесплатно разделени. Веднаш потоа, повторно е отпечатен истиот тираж од страна на тогашниот фанзин „Cor, Cordis“ и поделен како подарок CD заедно со списанието.

Список на песни

1. Jaggah
2. Never Going Out Love
3. M.H.O. Parade
4. Veronica Dies
5. Flowers For Rose

Џага (2002)

уреди
 
Албумот Џага, издаден во 2002 година.

„Џага“ е првиот албум на Верка, издаден во септември 2002 година за Литиум Рекордс кој истата година е еден од најпродаваните домашни албуми. Како деби албум, „Џага“ отвори простор за промоција на бендот, но недоволно квалитетниот звук на албумот не го прикажа вистинскиот потенцијал на бендот. Песните на албумот се напишани на македонски и англиски јазик.

Список на песни

1. M.H.O. Parade
2. Jaggah
3. Тешко!
4. Индустрија
5. Поразличен свет
6. Македонците
7. Never Going Out Love
8. Veronica Dies
9. Testimony
10. Flowers For Rose

Моторни песни (2010)

уреди
 
Албумот Моторни песни, издаден во 2010 година.

Моторни песни“ е името на вториот албум на Верка, издаден од бендот во декември 2010 година. Насловот на албумот и неговиот омот се позајмени од збирката поезија со исто име на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров. Две песни со наслов „Песни“ и „Ѓерданот“, содржат стихови од песните „Претсмртно“ и „Проштално“ на Вапцаров. Албумот е снимен во студиото на Евгениј Каревски во Скопје. Сите песни се напишани на македонски јазик.

Список на песни

1. Панк! Панк! Панк!
2. New Found Faith
3. Црно оро
4. Песни
5. Ѓерданот
6. Иднина небиднина
7. Огин
8. Такаметера

Werk.A (2014)

уреди

Третиот албум на Верка, снимен и продуциран од Влатко Нушев, подоцна повторно издаден од Miner Recordings во мај 2015, содржи 9 песни, некои на англиски, а некои на македонски јазик. Ова е нивниот албум со променета постава. Гостински вокал на Ортома е Даме Златков, постар брат на сегашниот пејач Симе Златков.

Список на песни

1. Extreme cold
2. Хикошиба
3. 1+1
4. Ортома
5. Џунгла
6. Enki
7. Наземјата
8. Deadlove
9. iMaster

Албуми

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
Demo CD Cor Cordis 2001
Џага CD Lithium Records 2003
Моторни Песни CD самиздат 2010
Werk.A (Werk.A) CD самиздат 2014
Werk.A (Werk.A) CD Miner Records(Србија) 2015

Компилации

уреди
Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Таксират 1+2 / Zivo CD Урбан 2001
V.A. - Evolution / Testimony CD Cor Cordis 2003
V.A. - Печат / 1+1 (Werk.A) CD Мрак 2014

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 81–83. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Рубрика - Вести[мртва врска]