Фудбалски куп на Македонија
(Пренасочено од Куп на Македонија (фудбал))
Купот на Македонија е фудбалски турнир организиран од ФФМ. За првпат турнирот се одржал во 1992 година. Победникот во купот добива право да се натпреварува во првото квалификациско коло на УЕФА Европа Лигата.
![]() | |
Земја | ![]() |
---|---|
Основана | 1992 |
Број на клубови | 32 |
Актуелен шампион | ![]() (2018–2019) |
Најмногу титули | ![]() (5. титули) |
Вебсајт | Официјално мрежно место на ФФМ |
![]() |
Академија Пандев е моменталниот првак. Вардар го држи рекордот за најмногу освоени титули, вкупно 5.
ФиналињаУреди
Освојувачи на медалУреди
Според клубУреди
# | Клуб | Првак | Година | Вицепрвак | Година |
---|---|---|---|---|---|
1. | Вардар | 5 | 1993, 1995, 1998, 1999, 2007 | 1 | 1996 |
2. | Работнички | 4 | 2008, 2009, 2014, 2015 | 3 | 2010, 2012, 2016 |
3. | Слога Југомагнат | 3 | 1996, 2000, 2004 | 5 | 1997, 1998, 1999, 2001, 2003 |
4. | Шкендија | 2 | 2016, 2018 | 3 | 2006, 2013, 2017 |
=5. | Тетекс | 2 | 2010, 2013 | 2 | 2011, 2015 |
=5. | Пелистер | 2 | 2001, 2017 | 2 | 1993, 1994 |
7. | Силекс | 2 | 1994, 1997 | 1 | 1995 |
8. | Победа | 1 | 2002 | 2 | 2000, 2007 |
=9. | Цементарница | 1 | 2003 | 1 | 2002 |
=9. | Македонија Ѓорче Петров[2] | 1 | 2006 | 1 | 2009 |
=9. | Металург | 1 | 2011 | 1 | 2014 |
=12. | Башкими | 1 | 2005 | 0 | / |
=12. | Ренова | 1 | 2012 | 0 | / |
=12. | Академија Пандев | 1 | 2019 | 0 | / |
=14. | Напредок | 0 | / | 1 | 2004 |
=14. | Маџари Солидарност | 0 | / | 1 | 2005 |
=14. | Милано | 0 | / | 1 | 2008 |
=14. | Македонија Ѓорче Петров 1932[2] | 0 | / | 1 | 2019 |
- Со задебелени букви се моменталните учесници во Првата лига.
- Со коси букви се распаднатите клубови.
Според градУреди
# | Град | Титули | Екипи |
---|---|---|---|
1. | Скопје | 15 | Вардар (5), Работнички (4), Слога Југомагнат (3), Металург (1), Македонија Ѓорче Петров (1), Цементарница (1) |
2. | Тетово | 5 | Тетекс (2), Шкендија (2), Ренова (1) |
3.= | Кратово | 2 | Силекс (2) |
3.= | Битола | 2 | Пелистер (2) |
5.= | Прилеп | 1 | Победа (1) |
5.= | Куманово | 1 | Башкими (1) |
5.= | Струмица | 1 | Академија Пандев (1) |
ПоврзаноУреди
БелешкиУреди
- 1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после завршен четврфиналниот дел на Купот) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[1] На 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине Купот.[2][3]
- 1. б : Македонија Ѓорче Петров и Македонија Ѓорче Петров 1932 правно не се истиот клуб. Македонија Ѓорче Петров 1932 е клуб создаден во 1982 година под името Треска, име кое било сменето во средината на сезоната 2011/2012.
НаводиУреди
- ↑ „Националниот шампионат во сите конкуренции се прекинува на неодредено време“. Фудбалска Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
- ↑ „ФФМ ПРОГЛАСИ КРАЈ: Нема повеќе фудбал во Македонија!“. gol.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
- ↑ „ФФМ одлучи: Крај на сезоната – Прекин на Првата лига и Купот на Македонија!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Посетено на 4 јуни 2020.
Надворешни врскиУреди
- Macedonian Football (англиски)
- ФФМ (македонски) (англиски)